МИЛОШОСКИ: ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2024
ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето во централниот Дневник на Сител телевизија.
Но, од друга страна пак, посочува Милошоски, ДУИ тешко се справува со позицијата во опозиција и смета дека нивниот претседател, Али Ахмети очигледно, во обидот да привлече внимание и кај актуелната влада и кај меѓународната заедница манипулативно отвара теми кои не соодвестуваат со реалноста.
За писмото кое денеска Ахмети го испрати до премиерот Христијан Мицкоски, Милошоски вели дека самиот се побива затоа што тој лично пред неколку години потврди дека Охридскиот договор е завршена работа и партијата ја ребрендираше во зелена.
„Прво, самиот Али Ахмети се побива себе си со ова напишано писмо, бидејќи тој лично како претседател на ДУИ во 2021 година тука во Скопје промовираше на роденденот на ДУИ дека Охридскиот договор е завршена работа, националните теми се затворени и затоа ДУИ се трансформира во зелена партија со агенда за животната средина“, вели Милошоски.
Ахмети од ДУИ испрати писмо до меѓународни лидери за да изрази загриженост околу последните одлуки на Уставниот суд за укинување на балансерот и најавената ревизија на Законот за употреба на јазиците. Според Ахмети, ситуацијата е сериозна.