29 Септември, 2024
0.0261

МИЛОШОСКИ: За Тупанчевски не е доволно само да каже дека е грешка во текстот, туку треба и да го „тргне“ авторот Камбовски

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека со Работната група од каде произлезе законот за клевета и навреда, кој Владата прво го предложи но потоа го повлече, всушност ја предводи професорот Владо Камбовски, што според пратеникот, ги прави работите многу појасни. 
„Јавноста беше непријатно изненадена што Владата предложи закон за клевета и навреда, каде санкциониран би бил секој граѓанин/ новинар кој изнесол ‚негативно мислење'. Да биде апсурдот поголем предлогот за казна за ‚негативно мислење' во Собранието дојде со злоупотреба на европското знаменце, со цел да помине по итна постапка и без јавна дебата.

Но, работите стануваат појасни доколку се види кој раководел со групата за таканаречени реформи во министерството за правда. Тоа е академикот Камбовски, или ‚главниот партиски обвинител' кој во едноумието го гонеше професорот Ѓорѓе Марјановиќ што се дрзнал да предложи укинување на вербалниот деликт. Тоа што не му успеало на Камбовски во едноумието, сега нашол прилика да го протне како "негативно мислење" со европско знаменце со актуелнава влада.

Ова е лош старт за новиот министер за Правда, кој го наследил и предлог законот и академикот. Но доколку министерот Тупанчевски има желба да ја увери јавноста дека не се согласува со предложениот "вербален деликт" не е доволно само да соопшти дека станува збор за грешка во текстот, туку да го смени и авторот на текстот и да го тргне Камбовски од челната позиција на Работната група за реформи на законите во М.Правда. Така не само што ќе заштеди на исплатените хонорари за Камбовски, туку ќе се поштеди и од слични бламажи во иднина“, пишува на фејсбук пратеникот Антонио Милошоски. 

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“