Добивај вести на Viber
Околу 277 одобренија за градење се издадени лани што е за 8,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од 2011 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Предвидената вредност на објектите изнесува 2.965.275.000 денари што е за 53,5 проценти повеќе во однос на декември 2011 година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 189 се наменети за објекти од високоградба, 36 за нискоградба, а 52 за реконструкција. Од вкупно 277 објекти, кај 201 (72,6 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 76 објекти (27,4 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 587 станови, со вкупна корисна површина од 48.503 метри квадратни.