МИНЧЕВ ДО „ВРЕДИ“ ЗА НОВИОТ БАЛАНСЕР: Таа тема е завршена и архивирана
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2024
За министерот за јавна администрација Горан Минчев новиот балансер е затворена тема. Се повикува за Законот за вработени во јавниот сектор и нема намера да ја смени одлуката со која беше променета методологијата на пресметка на процентот на население од етничките заедници. На коалиционите партнери од „Вреди“ им порача да читаат закони и да не се занимаваат со дневно-политички теми.
Минчев нагласи дека основната заложба на оваа Влада е етничкиот предзнак да не биде принцип за вработување, туку во администрацијата да се вработуваат кадри врз база на знаење и на квалитет.
„Таа тема е завршена и архивирана. Не постои ништо што е намерно. Или ќе се почитува законот или нема да се почитува“, рече министерот.
Од утре, почнува и процес на консултации преку кампања под мотото: „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.
Од „Вреди“ велат дека застапеноста на Албанците не зависи од ЗНАМ. Тие сметаат дека ЗНАМ живеат во заблуди.