18 Декември, 2025
0.0488

МИНЧО ЈОРДАНОВ САКА ДА ЈА ПРОДАВА ЗГРАДАТА НА „БЕТОН“: Ќе се прибираат пари и со позајмица од „Ре-медика“, акционерите на потег

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2022 08:04

Добивај вести на Viber

Минчо Јорданов планира да ја продава деловно административната зграда на „Бетон“ компанијата со која раководи, а за тоа веќе е закажано вонредно акционерско собрание.  Во предлог одлуките на кои е потпишан претседателот на Одборот на директори односно токму Минчо Јорданов, се содржани повеќе продажби на недвижен имот на познатата компанија. Седницата на Собранието е закажана за 11 март, а освен тие треба да биде усвоена и одлука по која ПЗУ Ре-Медика, болницата на чие чело е неговата сопруга, ќе може да му позајми на „Бетон“ 200 милиони денари (3,2 милиони евра). Заемот е рамковен, а делови од вкупната позајмица треба да се даваат секогаш кога „Бетон“ ќе има потреба за тоа. Што стои зад овие продажби? За што му требаат парите кои ќе се собираат по евентуалните продажби. Одговорите ќе станат јасни по акционерското собрание. Претходно лани, како што пишуваше Фактор, акционерите одлучија потврдно за продажба на хотелот Аура во Охрид, и на недоградениот хотел на Бетон во центарот на Скопје.  

Инаку деловно административната зграда на Бетон е препознатлив и поголем објект во скопската населба Капиштец. 

„Се одобрува продажба на недвижен имот деловна административна зграда во Скопје, на улицата Миле Поп Јорданов бр.32а - Скопје, стои во предлог одлуката.

Откако ќе се усвои треба да се прави проценка на имотот и да се објави оглас за да се најде купувач. 

„Бетон“ ќе го стави на продажба и деловниот простор лоциран во општина Ѓорче Петров, во кој спаѓаат повеќе катастарски парцели во зградите на улицата Кирана.

Што се однесува до склучување на зделката со заинтересирана страна – како предлог одлука ставено е склучување на Договор за рамковна позајмица со Приватната здравствена установа во мешовита сопственост – општа болница  РЕ – МЕДИКА  Скопје

„Договорот за позајмица со ПЗУ РЕ – МЕДИКА  Скопје ќе биде во рамковен, односно за секоја поединечна позајмица во рамката ќе се склучува посебен Договор, каде што ќе биде дефиниран износот и рокот на плаќање, но и соодветното обезбедување за ПЗУ РЕ - Медика како давател на позајмицата.

Средства ќе се повлекуваат согласно потребите на Друштвото, само во случај на неопходна потреба, стои во предлог одлуката.

Нема детални објаснувања на што се должи одлуката да се распродава овој имот.

Како што пишувавме во октомври лани, акционерите на градежната компанија „Бетон“ ја усвоија одлуката за префлување на долгот за црквата Св. Цар Константин и Елена во центарот на Скопје кон приватната здравствена установа Ре-медика. Сега оваа црква веќе ќе и припаѓа на болницата. Стануваше збор за долг кој кон Бетон го имаат фондацијата Св. Константин и Македонската православна црква (МПЦ) од точно 270 милиони денари (4,4 милиони евра). 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа