15 Мај, 2024
0.0267

МИНИ ЕНЦИКЛОПЕДИИ ЗА ДЕЦА

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Најнови наслови во издание на ПРОСВЕТНО ДЕЛО се две мини енциклопедии наменети за деца над 6 години. Станува збор за ЧОВЕЧКО ТЕЛО и ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА.


ЧОВЕЧКО ТЕЛО е издание што треба секое дете да го има во својата библиотека. Детето од мали нозе треба да се запознае со функционирањето на човечкото тело во целина, или одделно со органите и со нивната функција. Опфатени се сите сегменти од телото, почнувајќи од коските, мускулите, сетилата, работата на срцето, крвотокот, мозокот и нервниот систем, органите за варење, забите и нивната хигиена, органите за дишење, уринарниот систем, кожата, исхраната и спиењето.

Сите овие содржини се накусо презентирани така што за децата на возраст од 6 до 9 години не само што ќе бидат интересни туку и лесно разбирливи. Ќе ги дознаат основните информации и функции на сетилата и органите, ќе можат да стекнат јасна визуелизација преку илустрациите кои се едноставни и не се оптоварени со детали. Таквиот спој на кратка содржина и впечатлива илустрација  е лесно прифатлив за секое дете.

* * *


ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА има за цел да ги запознаеме младите читатели каква планета е нашата планета, како функционира, каков е нејзиниот состав, а потоа да ја разбудиме свеста во нив дека мора многу да се грижиме за неа.

Опфатени се куси содржини, почнувајќи од тоа каде се наоѓа Земјата во Сончевиот Систем, каква е внатрешноста на Земјата, што се вулкани, како настануваат земјотресите, колкави водни површини има (океани, мориња, езера, реки...),што се тоа планини, шуми, пустини, како и содржини за климата и климатските промени на Земјата.

Стилот е ненаметлив бидејќи станува збор за детска сликовница, а фокусот е ставен на основните информации и ништо повеќе. Сето тоа е дополнето со впечатливи илустрации во крупен план со што се создава нераскинлив спој на содржината со сликата. Така, на детето му е и полесно да ги запомни информациите што ги чита од сликовницата. Ја препорачуваме за секое дете да ја има во сопствената библиотека!


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“