Минималецот им скокна на 4.000 евра и пак не се задоволни
Објавено во: Економија 23 Јуни, 2023 14:50
Швајцарски градови го покачија минималецот на 4.000 евра, но пак има незадоволство.
Цирих и Винтертур воведуваат минимална плата која ќе изнесува околу 4.000 швајцарски франци месечно или околу 4.075 евра, објави „Јутарњи“. Околу 70 отсто од граѓаните во Цирих ја поддржаа одлуката за зголемување на минималната плата, а во Винтертур поддршката е нешто помала – 65,6 отсто. Имаше и политички партии кои не беа задоволни.
„Во Цирих СВП, ФДП, ГЛП и центарот се бореа против воведувањето на минималната плата“, вели Перпарим Авдили, претседател на ФДП на градот Цирих, кој е разочаран од резултатот.
Тој вели дека на овој начин не може да се бори против сиромаштијата. Наместо тоа, се изгради бирократија и додава дека таквата одлука секако не придонесува Цирих да стане поатрактивен како деловна дестинација.
Минималецот во Германија е 2,7 пати помал отколку во овие два швајцарски града. Притоа, оваа минимална плата е повисока од просечната плата во Германија, која изнесува 3.810 евра. Во Европската Унија, Луксембург е земја со високи плати и висок минималец.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?
Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија
Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?
ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија
КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа
Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец
РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците
Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?
Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат





