„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве
Објавено во: Македонија 08 Декември, 2025 12:23
Кој има трпение, нека го изгледа целото видео! За ИДНИНАТА на Македонија.
Со овие зборови го почна постот поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, која, иако победи со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, кратко по добивањето на мандатот, се разиде со сега владејачката партија.
Таа објави видео за најактуелната тема деновиве, поврзана со тврдењата дека во нашата земја ќе се испорачуваат мигранти од Обединетото кралтсто.
- Дали на било чија изборна платформа слушнавте „увоз на мигранти“ и дали гласавте за вакво нешто?
Британија во разговорите со Македонија договара хабови за ИЛЕГАЛНИ мигранти, а ќе се плаќа за секој мигрант. Пакетот вклучува и „инвестиции“ и „безбедносна помош“.
Министрите во Британија велат дека ова е „нова важна иновација“, а Македонија е „решението“ за справување со мигрантските банди.
Што значи ова? Мигрантите од опасни земји како Авганистан, ќе се испраќаат кај нас. Нема да бидат задржани, ниту ограничени, што значи слободно ќе можат да се движат. Ќе се охрабруваат да бараат работа во сектори како градежништво каде има дефицит на работници.
Во последните 12 месеци бројката на нови ИЛЕГАЛНИ мигранти во Велика Британија е над 45.659.
Македонија не смее да стане пункт на туѓи мигрантски политики. Време е за поставување прашања и време е за став - посочи Арсовска, споделуваќи видео од разговор за англиските телевизии.
Еве ја нејзината објава:
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски
Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак
Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски
ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена
НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите
„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите





