26 Ноември, 2024
0.0260

Минималецот се зголеми, но продуктивноста ќе тапка во место

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Минималната плата се зголеми на 18.000 денари, но од Teкстилниот кластер велат дека  продуктивноста засега не може да се зголеми.

Маријана Перковска од Текстилниот кластер објаснува дека за да порасне продуктивноста, потребна е нова и автоматизирана опрема, едукација на работниците, а воедно треба да се има в предвид дека во текстилната индустрија работат повозрасни работнички. Таа додава дека само 2 или 3 отсто од фирмите се во чекор со времето и новите технологии, и тоа најчесто се компании од главниот град, но треба да се има во обзир дека Македонија не е само Скопје и Штип, туку има многу фирми во другите градови кои едвај опстануваат.

„Ни требаат фондови, но тоа да бидат фондови за опрема, а не за пари. Треба да се преиспитаат и критериумите за да може тие фондови да бидат подостапни за фирмите. Друга работа е едукацијата на вработените, на пример нам во текстилот ни требаат добри кројачи, моделари, но сето тоа паѓа во вода додека производството не си го добие своето место во општеството. Прво треба да се зголеми продуктивноста, а потоа да се зголемат платите, и тоа е нормален процес, а ние сега имаме обратен процес, кој пак нема да го подигне стандардот на вработените“ , вели Перковска.

Таа објаснува дека на младите им е приоритет да работат во државно, и таа работа за нив е атрактивна, и додава дека во времето на Југославија било поинаку, но тогаш работникот во фабрика земал повисока плата од административниот работник.  Перковска потсети дека до крајот на месецов цените на намирниците се замрзнати, но потоа веројатно ќе има ново поскапување, и тоа ќе удри по џебот на граѓаните.

Лидија Милановска од Здружението на чевлари Куманово вели дека продуктивноста не се зголемува само со добра волја, туку се потребни машини. И таа е со став дека продуктивноста во овие околности не може да порасне. 

„Ние пет години немаме купено машини, тие што ги имаме само ги одржуваме. Многу од работниците се пред пензија, и тие се успорени, а млади и брзи работници немаме и веројатно многу шивални ќе се преполоват“, рече Милановска.

И таа смета дека дел од работниците ќе добијат откази, а некои фирми ќе се затворат, бидејќи и онака не се опоравиле од ударот на падемијата.  Минималната мартовска  плата ќе изнесува 18.000 денари.  Откако власта соопшти дека минималецот се зголемува, беше порачано дека сега треба да порасне и продуктивноста.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија