07 Август, 2024
0.0333

Минималната плата ќе почека, прво да се видат ефектите од законот за субвенции

Објавено во: Економија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Прво да се донесе законот за субвенционирање на придонесите и тој да биде во сила најмалку еден месец, да се види какви ќе бидат ефектите од него, па потоа да се зголеми минималната плата. 

Ова, според сознанијата на Фактор, е барањето кое работодавачите го испорачале до Владата, а денеска се разгледува и на Економсо-социјалниот совет. По изгладувањето на последните финеси меѓу бизнисот и власта, законското решение треба да се најде на усвојување на Владата, а потоа да оди и во собраниска процедура.

Или, законот за субвенционирање мора да стапи на сила најдоцна до 10 ноември, бидејќи субвенциите за покривање на придонесите државата ќе почне да им ги исплатува на работодавачите веќе со октомвриската плата, која се зема во ноември.

Дотогаш треба да биде готов и специјалниот софтвер на Управата за јавни приходи, преку кој, кога компаниите ќе ги внесуваат МПИН обрасците за пресметка на плати, софтверот директно ќе ја пресметува висината на субвенцијата на секој работодавач посебно, и за таа сума ќе се намалува обврската на работодавачот за плаќање на придонесот. 

„Би било добро за стопанството прво да почекаме барем еден месец за да видиме какви ќе бидат ефектите од законот за субвенционирање на придонесите, па птоа да се зголеми минималната плата“, вели за Фактор Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи. 

Со оглед на ова, доколку Владата го прифати барањето на работодавачите, минималната плата, која сега е 12.500 денари, не би можела да се зголеми пред крајот на ноември или декември оваа година. 

Според сознанијата, барањето на работодавачите е минималната плата да не се зголемува нагло, туку тоа да оди постепено. Првото зголемување ќе биде до крајот на годинава, второто идната година, и дури во 2021 година да се постигне ветувањето на сега владејачката партија пред изборите, односно минималната плата да достигне 16 илјади денари. 

А со законот за субвенционирање на придонесите, пак, се планира за секој газда што ќе ја зголеми платата на своите работници од 600 до 6.000 денари, за тој износ да биде ослободен од плаќањето на придонеси, но да не биде ослободен од плаќањето на персоналниот данок. Мерката ќе важи за сите компании и вработени во приватниот сектор, но не и за јавната администрација. 

За утврдување на платата ќе се земе просек од три месеци, но се планираше да се утврдат три месеци пред да се објави намерата за мерката, бидејќи некои работодавачи веќе ги намалиле платите, за потоа да ги искористат владините бенефиции. 

Мерката ќе може да ја користат фирми кои редовно исплаќале плата на вработени, односно немаат доспеани долгови за плати, не се во стечај или ликвидација, и не добиваат некој друг вид на субвенција за поттикнување на вработувањето. 

Работодавачот ќе треба да означи за кои вработени ќе бара субвенции, што значи дека нив ќе им ја зголеми платата. Мерката ќе важи три години. 

Од Владата очекуваат дека за околу 20 до 25 вработени од приватниот сектор работодавачите ќе побараат субвенции на придонесите.

Оваа година од државната каса за оваа мерка се планира да се потрошат 6,5 милиони евра.

(Р.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

КИНЕСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ „ЗУЈАТ“ ПО УЛИЦИТЕ НА ПАРИЗ: Кина обезбеди е-автобуси и автономни возила за Олимпијадата

КИНЕСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ „ЗУЈАТ“ ПО УЛИЦИТЕ НА ПАРИЗ: Кина обезбеди е-автобуси и автономни возила за Олимпијадата

АТРАКТИВНИ ЛОКАЦИИ ПОД ЗАКУП: Новата видео лотарија во Македонија почнува со работа

АТРАКТИВНИ ЛОКАЦИИ ПОД ЗАКУП: Новата видео лотарија во Македонија почнува со работа

МОЖНА ЛИ Е ЕДНОСТАВНА ЗАМЕНА НА ЈАГЛЕНОТ СО ПРИРОДЕН ГАС ВО ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА РЕК БИТОЛА? Професорот Трајковски со одговор

МОЖНА ЛИ Е ЕДНОСТАВНА ЗАМЕНА НА ЈАГЛЕНОТ СО ПРИРОДЕН ГАС ВО ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА РЕК БИТОЛА? Професорот Трајковски со одговор

РАСТЕ СТРАВОТ ЗА НАЈГОЛЕМАТА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Дали Америка влегува во рецесија?

РАСТЕ СТРАВОТ ЗА НАЈГОЛЕМАТА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Дали Америка влегува во рецесија?

ВЛАДАТА ДОБИЛА ПИСМО ОД УНГАРСКИОТ ОПЕРАТОР : 4iG Групацијата сака да влезе на пазарот во Македонија

ВЛАДАТА ДОБИЛА ПИСМО ОД УНГАРСКИОТ ОПЕРАТОР : 4iG Групацијата сака да влезе на пазарот во Македонија

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: На владина седница е усвоен дополнителниот ребаланс на Буџетот, обезбедивме пари за плати и набавка на опрема

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: На владина седница е усвоен дополнителниот ребаланс на Буџетот, обезбедивме пари за плати и набавка на опрема

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГРЦИЈА: Колку луѓе се без ангажман?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГРЦИЈА: Колку луѓе се без ангажман?

ЌЕ ФАЛАТ 10 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ: Во уште седум европски држави населението старее

ЌЕ ФАЛАТ 10 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ: Во уште седум европски држави населението старее

Разрешен и најновиот директор на „Водовод и канализација - Скопје“

Разрешен и најновиот директор на „Водовод и канализација - Скопје“