МИНИРАЊЕ НА СЕДНИЦАТА: Бурни реакции, нервоза-трето продолжение на конститутивната седница
Објавено во: Македонија 29 Март, 2017 08:48
И вчерашната собраниска седница беше одложена и презакажана за денеска во 11 часот.
Бурни реакции, смеење и нервоза беа дел од седницата .
Хаосот почна кога Трајко Вељаноски ги замоли пратениците да не се јавуваат секој час за збор како не би се прекинувала расправата и за да се избере нов претседател на собранието што поскоро.
На ова барање бурно реагираа пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои го исвиркаа спикерот од нивната партија.
На седницата која започна завчера, за збор се јавиле 57 пратеници, а ја следат и посебни гости-претставници од дипломатскиот кор.
Вчера СДСМ на Зоран Заев поднесе иницијатива за избор на нов претседател на Собраниео, која ја потпишаа 20 пратеници. Меѓутоа, изборот на новиот собраниски претседател е дури четврта точка од дневниот ред на конституитивната седница и не може да се отвори додека не се усвојат претходните точки , а тоа е избор на претседател и членови на Комисијата за избори и именување.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




