16 Јануари, 2025
0.0351

Министерот Спасовски на низа средби со амбасадори

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа низа работни средби со амбасадорот на Израел и италијанскиот амбасадор како и со Шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедници на ОБСЕ.

На средбата со амбасадорот на Израел Н.Е. Дан Орјан Спасовски му изразил сочство  и длабоко жалење за смртта на поранешниот претседател Шимон Перес истакнувајќи ја  улогата на поранешниот претседател како миротворец и голем заложник за мирот и стабилноста во светот.

Двајцата функционери на средбата ја потенцирале досегашната одлична соработка помеѓу двете земји и изразле уверување за нејзино продолжување и продлабочување.

Министерот Спасовски и амбасадорот Орјан разговараа и за претстојните парламентарни избори и улогата на МВР во нивната подготовка и спроведување.  Министерот Спасовски потенцираше дека е неопходно изборите да бидат фер и демократски, а идната Влада да биде составена од чесни и некорумпирани политичари. Амбасадорот Орјан истакна дека Државата Израел ќе соработува со владата која ќе биде избрана на демократски и чесни избори.  

На средбата пак со италијснкиот амбасадор Карло Ромео Спасовски  му упатил честитки на амбасадорот Ромео за назначувањето, со желба во периодот на неговиот мандат да се продлабочи соработката помеѓу двете држави и се заблагодари на поддршката од Италијанската Република во напорите за надминување на политичката криза во Република Македонија. 

Амбасадорот Ромео ја нагласил добрата соработка со Република Македонија и изрази подготвеност таа  и натаму да се развива со ист интензитет. 

Тој рекол дека Италија како држава пријател ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија во интегративните процеси во ЕУ и НАТО како и во справувањето со предизвикот за организирање на фер и демократски избори и во креирањето на новите реформи во државата бидејќи граѓаните го очекуваат тоа. 


Можеби ќе ве интересира

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?