Министерот Тодоров во Германија, договара обуки за лекари
Објавено во: Економија 17 Јануари, 2013 12:54
Министерот за здравство Никола Тодоров замина за Германија, каде треба да има повеќе работни средби со менаџментот на повќе здравствени институции со цел обезбедување обука за лекарите и посета на германски стручњаци кои прават интервенции што не се вршат во Македонија.
Како што соопштија од Министерството за здравство, Тодоров остварил средба со менаџментот на Универзитетскиот медицински центар во Хамбург-Епендорф, каде е потпишан Меморандум за соработка со посебен акцент на остручување медицински кадри за дефицитарни струки и специјалности, како дел од Програмата за дообучување соодветен специјалистички кадар од македонските болници во реномирани медицински центри во странство.
Во Универзитетскиот Медицински Центар Хамбург-Епендорф кој е најголема болница во Хамбург, годишно се лекуваат 260.000 пациенти амбулантски и се хоспитализираат околу 80.000 пациенти, а над 113.000 пациенти со ургентна патологија се третираат секоја година. За регионот на Хамбург само во овој центар се изведуваат голем број од терапевтските процедури како и комплицирани хируршки процедури, особено на полето на трансплантација.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





