Министерството за енергетика воведе системска заштита и активна наплата на долгови во судските процеси
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2025 09:55
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведе системски пристап за заштита на државата во судските процеси и активно покренува тужби за наплата на долгови од должници.
Од Министерството соопштија дека биле затекнати бројни судски предмети во кои државата не била адекватно застапена и не била извршена соодветна правна заштита. За првпат, како што посочуваат, со новиот пристап се водат сите постапки со цел заштита на јавниот интерес, како и покренување на нови тужби за наплата на долгови.
-Во изминатите години државата била оставена без активна правна заштита – не биле оспорувани клучни докази, не биле преземани мерки за застареност на побарувањата и не биле бранети државните позиции. Министерството го менува тој пристап: активно се вклучува во секоја судска постапка, бара стручни вештачења, ја координира одбраната со Владата, иницира постапки за наплата на долгот на државата. Обврска ни е да ги штитиме средствата на граѓаните и ставаме ред во правните постапки, се наведува во соопштението.
Информираат дека Министерството ја презеле надлежноста со над шест судски предмети со вкупна вредност од 421,8 милиони денари, кои претходно биле поднесени против Министерството за економија. Две тужби во висина од 315 милиони денари веќе биле одбиени, а вредноста на предметите е намалена на 106,8 милиони денари.
-Секторот за правни работи при увидот во преземената документација утврди дека воопшто нема поднесени тужби против должници (физички и правни лица) за наплата на долг кој произлегува од неплатен надомест. Сепак, во соработка со Секторот за минерални суровини, беше констатирано дека постојат повеќе застарени побарувања по основ на концесиски надомест, како и побарувања за неплатен концесиски надомест за кои не се поведени судски постапки а има основ државата да бара исплата, појаснуваат од Министеството.
Покренати биле 17 постапки за наплата на долгови во вкупна вредност од 32,8 милиони денари, од кои дел веќе биле завршени со спогодби и позитивни пресуди. Додека пак на Управен суд се водат околу 20 предмети поврзани со концесии, од кои веќе има позитивна пракса за одбивање на тужби и предлози за времена мерка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





