Министерството за култура:Без претходен договор ММИ неможе да напаќа надоместоци за музика
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2013 19:40
Министерството за култура апелира телевизиите Сител, Канал 5 и Алсат да се воздржат од примена на одлуката за непуштање на македонска музика на своите програми, поради најавите од Македонска музичка индустрија дека од почетокот на годинава за тоа ќе почнат да наплаќаат средства. Од Министетството посочуваат дека ММИ пред да прати дописи за наплата според Тарифникот, треба претходно постигнато договор со корисниците, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Во него се додава дека за Министерството е неприфатливо Организацијата ММИ пред да иницира постапка за преговарање со корисниците, да започне со примена на Тарифата како основ за наплата на надоместоците.
Оттаму ги повикуваат корисниците, кои од страна на организацијата ММИ се известени дека ќе започне со наплата на надоместоците согласно Тарифата, а без притоа да е започната постапка со нив за договорно утврдување на висината на надоместоците, да го известат Министерството за култура заради разгледување на материјата и натамошно процесуирање.
- Информираме дека дописите кои организацијата ММИ ги има доставено до корисниците, без претходно со нив да отпочне постапка за договорно уредување на односите и висината на надоместоците, не предизвикуваат никакво правно дејство ниту пак создаваат обврска за корисниците, бидејќи истите дописи се надвор од законски уредената процедура, се вели во соопштението.
Министерството за култура потенцира дека целосно го респектира законското право носителите на правата од користењето на својот труд и сопственост да остваруваат свои приходи, но исто така го уважува и фактот дека поддршката на корисниците е основен предуслов за остварување на нивната дејност и права, заради што цени дека и донесувањето на Тарифата треба да биде од заемен интерес на носителите на правата, корисниците и пошироката општествената заедница, согласно законот и процедурата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





