Министерството за одбрана: Набавката на алкохол е за потреби на рестораните во Домот на АРМ, кампот „Свети Наум“ и Попова Шапка
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2016
Министерството за одбрана на Република Македонија во однос на информациите кои за набавка на алкохол во износ од околу 80 илјади евра тврдат дека се работи за алкохол на потребите на рестораните во Домот на АРМ, кампот „Свети Наум“ и Попова Шапка.
Во реакцијата до нашиот медиум оттаму појаснуваат дека оваа набавка е за 2017 година и не претставува нешто ново, туку е континуитет на снабдување на рестораните на овие локации.
„Во таа насока, мораме да напоменеме дека со тоа што потребите на делегации, свечености и слично кои се дел од работата на Министерството и АРМ, се сервисираат од овие угостителски објекти, не се одлеваат средства и се прават огромни заштеди во буџетот на МО. Дополнително, со продажбата на овие алкохолни пијалоци во рестораните кои се отворени за сите граѓани на Република Македонија, Министерството за одбрана остварува и приход“, појаснуваат од Министерството.