Министерството за одбрана набавува алкохол за 80 илјади евра
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2016
Министерството за одбрана набавува пиво, вино, ракија и ароматизирани алкохолни пијалоци.
Огласот чија проценета вредност изнесува 81.500 евра без ДДВ е веќе објавен.
Според податоците од објавениот оглас набавката се прави за една година.
Отворањето на понудите ќе биде на 16, декември, кога е и краен рок за нивно доставување.
Р.Ф.