29 Септември, 2024
0.0284

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ НА ГРУБИ НЕ ОТСТАПУВА ОД НАМЕРАТА ЗА 166 НОВИ ВРАБОТУВАЊА - се повторува огласот кој беше распишан пред локалните избори

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи првиот вицепремиер Артан Груби од редовите на ДУИ, не отстапува од својата намера да вработи дури 166 лица.

Огласот за вработување беше објавен вчера на веб страницата на Агенцијата за администрација.

Таков оглас за вработување ова министерство распиша на 5 август годинава, одосно точно на еден ден пред распишувањето на локалните избори. Сега се реобјавува истиот оглас, кој не се реализираше поради локалните избори.

Тогаш од Министерството објаснија дека тие 166 кадри што се бараат нема да работат во Министерството, туку кај нив само ќе поминат обуки од три до шест месеци, а потоа ќе се распоредуваат по другите државни институции каде што има потреба од таков профил на кадри, односно како лектори и преведувачи. А, всушност потребата од лектори и преведувачи по институциите, како што објаснија од Министерството, се зголемила со имплементацијата на двојзичноста во земјва.

Но, потоа тој оглас пропадна, поради кршењето на етичкиот кодекс, бидејќи само што беа распишани локалните избори, но затоа сега од Министерството за политички систем решиле да го повторат.

Сите овие нови 166 вработени кое во еден ден ќе добијат решение за вработување во Министерството на Груби, ќе имаат плати од по нешто над 22 илјади денари. Притоа, како што стои во огласот, се бараат два профили на кадри, и за секој од овие видови на вработувања ќе се вработат по 83 лица. 

Станува збор за помлади соработници за унапредување на употребата на јазиците на етничките заедници, како и за помлади соработници за превод, лекторирање и редакција, во Одделението за превод. Од нив најголем број ќе бидат Македонци, но се бараат и Албанци, Срби, Власи и неколкумина од други националности. 

Првиот вид на вработувања се помлади соработници за унапредување на употребата на јазиците на етничките заедници. Потребните квалификации се со вишо образование, или ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или високо образование, односно завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки или Образование.

Како што стои во огласот, тие може и да немаат работно искуство во струката, односно да бидат „со или без работно искуство во струката“. Од посебни работбни компетенции треба да имаат активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Притоа, се напоменува дека согласно годишниот план на институцијата за правичната застапеност, 64 од овие нови вработувања треба да бидат Македонци, осуммина Албанци, седум Срби, двајца Власи и двајца од други националности.

Вториот профил на кадри што се бараат, пак, и каде ќе влезат исто така 83 лица, се помлади соработници за превод, лекторирање и редакција, во Одделението за превод. Како посебни услови се најавуваат ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Наука за јазикот (лингвистика), Политички науки или Информатика. И овие вработени не мора да имаат работно искуство во струката. Ќе земаат нето плата од 22.020 денари. И тука се планира да се вработат 64 Македонци, осум Албанци, пет Срби еден Влав и петмина од другите националности. 

Фактор вчера праша во ова Министерство зошто им се потребни дури 166 лица и колку вработени сега има министерството, како и дали ова е повторување на истиот оглас што се распиша во август годинава.

Оттаму само добивме официјален одговор дека „јавниот оглас за вработување на 166 државни службеници е само повторен, а истиот конкурс беше објавен пред локалните избори“.

Претходно неофицијално ни објаснија дека тие вработени по неколку месеци ќе се распоедуваат по други државни интитуци каде што има потреба.

Инаку, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ги врши работите што се однесуваат на: функционирање на политичкиот систем, обезбедување и координација на поддршка на Владата во реализација на стратешкиот приоритет поврзан со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор, обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на Рамковниот договор, унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците... 

Во Буџетот за оваа година на Министерството на Груби е наведено дека има 1.427 вработени, а добр дел од нив се и од вработените граѓани според Рамковниот договор.

Инаку, на почетокот на јануари годинава Министерството за политички систем се всели во ниова зграда, која ја изгради АД за станбен простор, а Владата ја купи за 14 милиони евра. Тогаш функционерите од ДУИ се собраа во новата зграда да му организираат и родендеска прослава на партискиот лидер Али Ахмети, за што доживеаја сериозни критики дека не носат маски во време на критична состојба на пандемијата со коронавирусот.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“