20 Декември, 2025
0.1776

Министрите од еврозоната не се договорија за Грција

Објавено во: Балкан 12 Јули, 2015 09:56

Добивај вести на Viber

Министрите за финансии од еврозоната не успеаја да се договорат дали да одобрат нов спасувачки заем на Грција во замена за реформите кои Атина ги ветува и ќе ги обноват преговорите денеска околу пладне. Пред средбата неколку министри изразија скептицизам дека Грција ќе ги исполни ветените реформи. Тековните веќе неколку месеци напнати преговори со Атина за спасувачкиот план сериозно ја прекршија довербата меѓу двете земји. Министрите за финансии на 19-те членки на еврозоната го завршија својот состанок малку пред 1 часот и ќе се состанат повторно денес во 12 часот. "На средбата беа разгледани проблемот со довербата и се разбира финансиските прашања. Разговорите беа интензивни, но одат тешко", изјави претседателот на Еврогрупата Јерун Деиселблум. Денешниот ден е прогласен за краен рок, а попладне лидерите на земјите членки на ЕУ ќе се состанат за да го одредат идниот курс по грчкиот збор. Повторно се појавија стравувања дека земјата може да биде оставена да банкротира и да излезе од еврозоната. Излегувањето на Грција од единствениот монетарен блок, попозната како "Грекзит", долго време беше табу тема, но германски весник објави дека оваа опција официјално била разгледана од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Тој споделил со другите земји од еврозоната документ, во кој се брани позицијата дека планот за реформи на Грција е несоодветен и опциите пред Атина се или да си ги подобри предлозите, или да ја напушти еврозоната за најмалку пет години, објави " Франкфуртер алгемајне цајтунг ". Предлогот беше усогласен со германската канцеларка Ангела Меркел. Вкупно 10 страни од еврозоната се скептични кон Грција, која наоѓа најголема поддршка во Франција. Министрите ќе имаат денес само неколку часа да постигнат договор, за да можат да дадат конструктивни предлози на лидерите на 19-те земји членки на еврозоната, кои ќе се состанат ова попладне. Малку потоа ќе биде даден почеток и на самитот на ЕУ, на кој ќе учествуваат лидерите на сите 28 држави во блокот. "Се надевам дека утре ќе биде постигнат напредок. Уште таа надеж ни е", изјави пред новинарите еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московичи, цитиран од Франс прес. Очигледно е дека некои европски земји не сакаат да биде постигнат договор, со кој Грција ќе биде спасена од банкрот, изјавија извори од грчката влада. Финскиот министер за финансии Александер Стуб беше повикан вчера од финскиот парламент да договори излегување на Грција од еврозоната. Фински пратеници и претставници на Министерството за финансии се собраа вчера попладне во Хелсинки да разговараат каков да биде ставот на владата на преговорите во Брисел. Според извори, цитирани од финската државна телевизија, евроскептичната партија на "Финците" побарала Хелсинки да се спротивстави на нов план за помош на Грција и да побара излез на Грција од еврозоната. Втората политичка сила во Финска дури се заканила дека во спротивно ќе ја напушти коалициската влада. Нејзиниот претседател и министер за надворешни работи Тимо Соини повторува со месеци дека Грција ќе си ги реши економските проблеми само ако ја напушти еврозоната и пристапи кон девалвација на валутата.  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација