19 Декември, 2025
0.0432

Миновски: Еврообврзницата е неопходна

Објавено во: Економија 17 Јули, 2016 23:20

Добивај вести на Viber

По повеќе дневен молк, откако крахираше обидот за издавање еврообврзница се јави мининистерот за финансии. Ги нарече невистинити обвинувањата од страна на опозицијата во однос на нелегалното издавањето на еврообврзницата, бидејќи во моментов немало утврден датум за избори. – Ние во моментот на носењето на одлуката немаме техничка влада за спроведување на избори од причина што не е утврден датум за одржување на изборите. Во моментот се во тек преговорите за утврдување на иден датум за избори. Оваа теза на СДСМ е невалидна – смета Кирил Миновски, во интервју за Сител. Според Министерот за финансии  околу 200 милиони ќе бидат искористени за отплата на претходно искористени кредити. За односите со Светска Банка тој вели дека Владата одржува постојано добри односи со речиси сите меѓународни финансиски институции и дека кредитот од 25 милиони евра ќе биде позитивен за инвестиционата клима. Тој смета и дека нема кратење во капиталните инвестиции. Интервјуто на Миновски дојде по речиси едногласниот повик на експерстаката заедница да се стави крај на задолжувањето. 4 те банки кои ја спремаа еврообврзницата го стопираа нејзиното издавање откако и опозицијата напиша писмо до нив во кое ги предупреди на легалноста на одлуката. Инаку над 70 отсто од граѓаните во анкетата на Фактор одговрија дека се против задолжување од 650 милиони евра. На анкетата учествуваа над 300 читатели на порталот.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар