Мира Марковиќ во критична состојба, вклучена на апарати за дишење
Објавено во: Балкан 09 Април, 2019
Мира Марковиќ, сопругата на поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ е во критична состојба, следните 24 часа за неа можат да бидат и пресудни. Таа во моментот е вклучена на апарати за дишење и се бори за својот живот, пренесуваат медиумите во Србија.
„Госпоѓа Мирјана е приклучена на апарати за дишење и е во кома. После направените четири операции, почнаа да и откажуваат виталните органи, причина поради која таа е приклучена на апарати. “, пренесува близок пријател на семејството.
Во болницата во Русија постојано со неа е нејзиниот син Марко.
Инаку Мирјана Марковиќ последните 16 години живее во Москва.Фото еспресо.ср