Мирекс плус влегува во групацијата на МПМ
Објавено во: Економија 26 Декември, 2012 16:19
Компанијата Мирекс плус од денеска е еден од сопствениците на Медиа Принт Македонија, медиумската групација во чиј состав се и треите најтиражни дневни весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“.
Мирекс плус покрај компаниите Орка Холдинг АД и Интернет груп инвестмент, имаат еднаков удел, односно по 33,3% од сопственичката структура.
Од 1-ви јануари 2013 година за нов извршен директор на Медиа Принт Македонија ќе биде назначена Јана Станисављева, досегашен маркетинг директор на Медиа Принт Македонија.
Покрај трите дневни весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, дел од медиумската групација се и единствениот дневен весник за спорт во Македонија „Македонски спорт“, неделникот „Теа Модерна“, двонеделното списание за автомобилизам „ГТА“ како и печатницата „Графички центар Скопје“
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





