05 Декември, 2025
0.0334

Мирното Љубаниште ќе стане луксузен туристички центар, Субрата Рој чека амин од Владата

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2012 20:27

Добивај вести на Viber

Хотели, казина, спортски центри, викенд населба, но и сопствено пристаниште ќе никнат на брегот на Охридското езеро како дел од новата индиска инвестиција на компанијата „Сахара Индија Паривар“, инаку сопственост на милијардерот Субрата Рој. Проектот се вика „Сахарајан Македонија“, а завчера бил даден на одобрување до Премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески. „Ни претставува голема привилегија што по неколкумесечни подготовки ја составивме визијата на нашиот претседател Субрата Рој за локација од светска класа во градот Охрид и ќе ја претставиме на премиерот на Република Македонија и министрите од неговата Влада“, стои во писмената изјава од индиската компанија. Комплексот ќе се простира на површина од 240 хектари, а локацијата иако Владата сеуште официјално ја нема потврдено, сосема извесно станува дека се работи за заливот во автокампот Љубаниште, место за кое голем интерес покажа Индиецот за време на неговата посета на Охрид пред само неколку месеци. Дека станува збор за таа локација, навестува и Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој потсети дека државата и ги одзеде ингеренциите на општината за крајбрежјето во Љубаништа кое  го прогласи за туристичка зона.  Петрески смета дека и изградбата на аеродромот на вода е поврзана токму со проектот на Субрата Рој во Љубаништа. Дел од земјиштето исто така се наоѓа во приватна сопственост, па сопствениците допрва ќе треба да одлучуваат како ќе се договараат со новиот инвеститор. Делот пак кој е во сопственост на МПЦ, извори од црквата велат дека немаат намера да го продаваат земјиштето, но сепак оставаат простор за договор, па дури и за давање на земјата под закуп. Сепак појаснуваат дека засега сеуште никој ги нема исконтактирано за Љубаништа. Проектот за комплексот на Охридското езеро го има изработено реномираната британска компанија „Аткинс“, а како што стои во соопштението на „Сахара Индија Паривар“, за него е изработена и целосна еколошка студија. Туристичкото место Љубаништа важи за една од најубавите места на охридското крајбрежје, со атрактивна плажа во должина од  1.500 метри, но и автокамп кој се простира на 10 хектари и има 100 камп-приколки во кои можат да се сместат 400 туристи и над 2.000 кампери. Во непосредна близина е граничниот премин со Албанија од каде, покрај албанските,  се очекуваат да доаѓаат и туристи од Грција. Проектот „Сахарајан Македонија“ се претпоставува дека ќе чини околу неколку десетици милиони евра. Индискиот милијардер Субрата во месец август отвори своја фирма во Македонија која се вика „Сахара Глобал Цом“ и е основана со капитал од 5 илјади евра, а со неа покрај милијардерот ќе ја управуваат и неговиот најмлад син Семанто Рој. Според најавите , ако се биде во ред, туристичкиот комплекс треба да почне да се гради за две и пол години.
 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец