29 Ноември, 2024
0.0282

Мирослав Мишковиќ излезе од притвор, во вилата на Дедиње ќе чека судење

Објавено во: Балкан 23 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Сопственикот на „Делта холдинг", Мирослав Мишковиќ, денеска околу 13 часот беше пуштен од затвор со кауција од дури 12 милиони евра. Како што пренесоа српските медиуми, никој од роднините и пријателите не го пречека за време на неговото пуштање од затвор, а возилото веднаш го однесе до вилата во Белград. Судот наведува дека налогот за ослободување на Мишковиќ од притвор е даден по приложувањето доказ дека паричните средства за кауцијата од 12 милиони евра во динари, се депонирани во банка како гаранција дека обвинетиот нема да ја напушти државата. Исто така, Мишковиќ на судот го предаде својот пасош,согласно решение со кое му е изречена мерката на домашен притвор, со обврска да се пријавува во полиција на првиот работен ден од месецот. „Делта холдинг“ соопшти дека „изразува задоволство што по 224 дена во притвор во централниот затвор, претседателот на холдингот, Мирослав Мишковиќ ќе се брани од слобода." „Од моментот на притворувањето пред 7,5 месеци сметавме и сметаме дека не постојат основи за притвор. Секако нам ќе ни треба неговата енергија и визија да ни помогне да продолжиме да ја градиме Делта холдинг како успешна компанија, на задоволство на сите 7000 работници и на целокупната економија на Србија", стои во соопштението од компанијата. Бидејќи Мишковиќ е пуштен од притвор, во овој случај само сопственикот на „Nibens“, Мило Ѓурашковиќ останува во притвор. Синот на Мишковиќ Марко е во домашен притвор од април, додека другите обвинети се пуштени со кауција. По шест месеци од истрагата, обвинителството поднесе обвинение во мај против тројцата осомничени, а осуммина други се осомничени нелегално извлекување и присвојување на средства и имот од повеќе јавни компании за патишта во периодот од 2005 година до  2010. година. Обвинителството се сомнева дека на тој начин го оштетиле јавното претпријатие за патишта за 16, 95 милијарди динари, а српскиот буџет за 472 милиони динари.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“