09 Октомври, 2024
0.0264

„МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ УМРАМ“! Застрашувачка снимка од авионот што гори - патниците во паника, чад насекаде околу нив (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Патнички авион на Japan Airlines се запали на пистата на аеродромот Ханеда во Токио откако се судри со авион на крајбрежната стража.

Пламенот избувна од прозорците на авионот, за набрзо да го проголта.

Сите 379 патници од летот 516 се евакуирани, а поранешниот пилот тоа го опиша како „чудо“. Сепак, пет од шесте лица во авионот МА722 на крајбрежната стража што се судри со патничкиот авион се водат како исчезнати.

Драматичната снимка од прозорецот на патникот покажува како авионот се движи по пистата, со чад и портокалови светла во близина на крилата. Се слуша силен татнеж од моторот додека авионот забрзува на пистата, а од внатре се слуша звук на аларм.

- Мислев дека ќе умрам - рекол неименуваниот патник во објавата, прикачувајќи видео од чадот во кабината, пренесе Sky News.

„Јапан ерлајнс“ соопшти дека авионот слетал во „Ханеда“ каде потоа се судрил со авион на крајбрежната стража, од кој само едно лице било евакуирано, додека не се знае што се случило со другите пет. Се запали и тој авион, а состојбата на екипажот не е позната, соопшти токиската противпожарна служба.

.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот во пламен се упатува по пистата пред да застане и пожарот драматично пламнал. Тим пожарникари се бореше да го локализира пожарот во авионот, чиј труп беше скршен на два дела, како што се гледа на видеото.

Сите писти на Ханеда, најпрометниот јапонски аеродром, сега се затворени.

- Пред се, треба да кажеме дека бевме сведоци на чудо. Начинот на кој ги извлекоа сите тие патници од авионот е неверојатен. Фактот што екипажот ги извлекол сите патници е чудо – изјавил за Sky News поранешниот пилот Роџер Витфилд.

Првичните снимки од местото на настанот беа исто така застрашувачки.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако