19 Декември, 2025
0.1845

Мизо: Казахстан може да привлече македонски компании и да донесе одлука за инвестирање во Македонија

Објавено во: Економија 24 Мај, 2013 13:00

Добивај вести на Viber

Казахстан е една од најбрзо растечките земји во развој  и земја која без разлика на економската криза во изминатитепет години воопшто немаше намалување на нивниoт економски раст. Kако главна земја во Централна Азија таа е земја кoја го спојува северот и југот во Азија, но истовремено една многу важна спона и коридор, транпoртен коридор од Кина преку Казахстан, Русија до Западна Еропа, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Мизо, кој е во состав на владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски која од вчера присуствува  на Економскиот форум „Астана 2013“, рече дека заради огромните извори на нафта и гас Казахстан станува се поважен меѓународен фактор.

- Она што казахстанската економија може потенцијално да го нуди за Македонија се две различни компоненти. Прво, потенцијалот на македонски компании да настапат на нивниот локален пазар. Пред се, тука би биле градежните компании, но и фармацевтските компании. Од друга страна, тука се потенцијалите на нивниот државен фонд, кој разгледува кои се потенцијалните места за инвестирање, истакна Мизо.

Тука, посочи тој, се потенцијалите на нивниот државен фонд кој на различни начини разгледува кои се потенцијалните места за инвестирање, слично како што тоа го прави Катар, Обединетите арапски емирати, Кувајт , Азербејџан.

- Нивниот фонд размислува на кој начин да ги оплоди парите, да ги дизерфецира оние  нивни богатства и начин на кој дури и кога ќе снема она што е нивно природно богатство ќе имаат начин нормално да ги оплодат парите и да имаат голема економска добивка, додаде Мизо.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар