Мизо потрошил службени 12.000 евра за еден месец, Младеновски прикажан како двојно поштедлив
Објавено во: Економија 12 Септември, 2018 07:15
Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони го претстави директорот Александар Младеновски како двојно поштедлив од долгогодишниот раководител на оваа институција за поддршка на странските и домашните инвеститори, Виктор Мизо, кој беше поставен од претходната власт и управуваше од 2011 до 2017-та.
Дирекцијата за ТИРЗ наедно ги објави службените трошоци на Младеновски за периодот од декември 2017 до јули 2018-та и периодот од декември 2014-та до мај 2015-та и сето тоа претставено графички за да се дојде до заклучок дека Мизо не штедел и „се расфрлал“ со точно двојно повеќе државни пари. Не се споменува дали периодот од декември 2014 до мај 2015 е земен како пример за споредба, бидејќи тогаш Мизо најмногу трошел, или пак во прашање е некој друг критериум.
Според вкупните бројки од табеларните прикази Маденовски за осум месеци има службени идатоци од 1.272.383 денари, додека Мизо со два месеци помалку направил сметка од 2.427.029 денари.

Мизо за авионски билети најмногу потрошил во април 2015 со сума од 329.730 денари, истиот месец има рекордни трошоци за хотелско сместување во странство од 241.071 денари, а тогаш додал и најмногу за угостителски услуги во странство со 35.180 денари, како и за дневници при патување во странство од 34.892 денари. Април 2015-та му е убедливо најскапиот месец и кога ќе се додадат помалите расходи за трошоци за мобилен телефон (43.820), угостителски услуги во земјата (32.728), такси превоз (11.752), изнајмување возила во странство (8.865), произлегува вкупна сума од 738.042, или нешто повеќе од 12.000 евра за месец дена. За такси превоз најмногу потрошил во март 2015-та (23.336), за мобилен телефон има најголема сметка во јануари истата година (152.520), за угостителски услуги во земјата највисоката ставка е во февруари 2015 (83.808).

Службените трошоци на Мизо од декември 2014 до мај 2015
Младеновски највисока сума за хотелско сместување има од 109.406 денари во април годинава, кога потрошил најмногу и за угостителски услуги во странство (58.182). За угостителски услуги во земјата има 44.990 во февруари, кога има личен рекорд за такси од 10.231 денари. За мобилен телефон има 4 .166 во јануари, а истиот месец најмногу се платени за изнајмување превоз во странство - 37.356 денари и за авионски билети - 99.258. Во јуни има 5.185 денари за јавен превоз, а за дневници за патување во странство 91.356, или најмногу од сите други месеци.

Службените трошоци на Младеновски од декември 2017 до јули 2018
Според графичкиот приказ Младеновски со својот заменик потрошиле повеќе од Мизо и неговиот заменик само кај изнајмување моторни возила и угостителски услуги во странство, додека вториот тандем има убедливо повеќе расходи за авионски билети и мобилен телефон, каде „предноста“ е повеќекратна. Трошоците на првите опфаќаат 29 отсто, додека претходниот двоец опфаќа 71 отсто.

Младеновски (прв од лево) со вицепремиерот Кочо Анѓушев
Мизо во 2017 продолжи да директорува во Костал, странскиот инвеститор кој тој самиот го доведе во Македонија, за што беше обвинет од актуелниот вицепремиер Кочо Анѓушев дека ја злоупотребил службената положба. Сега веќе поранешниот директор на зоните возврати дека нема никакви законски прекршувања во тоа.
За Младеновски се е познато дека беше активист на Шарената револуција.. Има диплома за бизнис менаџмент на Универзитетот во Тампа, САД, а во последните 11 години пред да стапи на функцијата бил вработен во компанијата Сетком Интернационал како брокер.
Александар КузмановскиМожеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




