МКД – нов македонски интернет домен
Објавено во: Економија 27 Јануари, 2013 12:29
Македонија во меѓународниот интернет простор да се претставува со кириличниот домен мкд. е изборот на граѓаните во интернет анкетата објавена на веб стрната на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет.
Гласањето траеше до 15 јануари 2013 година, врз основа на претходно објавените низи за кои имаше најголем број на предлози (мкд, мак, рм, македонија, рмак и рмкд). Вкупно својот глас преку интернет анкета го дадоа 2.288 граѓани, од кои за кириличниот домен мкд гласаа 72,98 отсто од нив.
Предложената низа која освои најголем број гласови (мкд), ќе биде ставена во официјалното барање за започнување на процесот за добивање на врвниот кириличен домен за Република Македонија, кое ќе биде поднесено до Интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ИЦАНН).
- Националниот кириличен домен ќе им овозможи на македонските граѓани да го користат интернетот на своето македонско кирилично писмо, што истовремено претставува и грижа за зачувување на националниот идентитет преку користење на домени на својот мајчин јазик, стои во соопштението од Министерството за информатичко општество и администрација.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





