21 Јануари, 2025
0.0243

МЛАДА УКРАИНКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО КОСОВО: Полицијата го забележала телото на автопатот кој води до македонската граница

Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Косовската полиција соопшти дека синоќа на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува косовската престолница со границата со Македонија кај Генерал Јанковиќ, е пронајдено безживотното тело на млада жена, странска државјанка, јави дописникот на МИА од Приштина.

Порталот „Газета експрес“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека станува збор за украинска државјанка на 23-годишна возраст, чие име ѝ е познато на редакцијата, но истото не го објави, согласно законските одредби кои ги регулираат таквите случаи.

Според синоќешното соопштение на косовското МВР, полициско патролно возило на автопатот, на 24-тиот километар од Приштина во правец на Урошевац, околу 20 часот го забележала безживотното тело на едно лице на лентата за принудно запирање на возилата.

Полицијата ја повикала итната медицинска служба, а дежурниот лекар констатирал дека женското лице, странска сржавјанка, е без знаци на живот.

На местото на настанот излегле и надлежни истражни единици, како и обвинител, по чиј налог безживотното тело е однесено за обдукција во приштинскиот Институт за судска медицина. 

Фото:МИА

Можеби ќе ве интересира

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА: Осуммина загинаа, 13 се повредени во пожар во старски дом во Белград

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА: Осуммина загинаа, 13 се повредени во пожар во старски дом во Белград

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент

(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ: Колку е моќен бугарскиот пасош?

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ: Колку е моќен бугарскиот пасош?

ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија

ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

ТОА ЌЕ БИДЕ КРУНА НА ГЛАВНИОТ ГРАД: Еве како ќе изгледа луксузниот комплекс на американскиот претседател во Белград

ТОА ЌЕ БИДЕ КРУНА НА ГЛАВНИОТ ГРАД: Еве како ќе изгледа луксузниот комплекс на американскиот претседател во Белград

КОС ЈА ОХРАБРИ ЦРНА ГОРА: Кога ќе влезат во ЕУ?

КОС ЈА ОХРАБРИ ЦРНА ГОРА: Кога ќе влезат во ЕУ?