МЛАДАТА ПАЦИЕНТКА КОЈА НА 23 ГОДИНИ ПОЧИНА ОД КОВИД - имала опериран тумор
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020
Пациентката која имаше само 23 години од Скопје и која почина од ковид 19 е потврдена позитивна на 5.09, а претходно 4 дена била со симптоми: температура, кашлица и тешко дишење, соопштија од Министерството за здравство.
Хоспитализирана е, велат, на 12.09 на Инфективната клиника во Скопје и веднаш класифицирана како тежок пациент, ставена на кислород. Ден пред да настапи смрт, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација, по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ). Смртта настапила нагло. Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг- ендокринолошко заболување.
„Пациентката 29 години е почината во Клиниката Жан Митрев. Во епидемиолошкиот извештај на ИЈЗ стои дека имала заболување на тироидната жлезда. За повеќе информации за конкретната пациентка, можете да се обратите во клиниката“, велат од Министерството за здравство.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.