17 Мај, 2024
0.0263

Младината тоне – нема работа, нема пари!

Објавено во: Анализа 16 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Невработеноста на младите е проблем за Европа неколку децении, но некои земји се справија многу подобро од другите. Ова го пишува во својата анализа професорот по економија Хуан Доладо од European University Institute и Centre for Economic Policy Research за сајтот VoxEU. Мала промена во насловот на освојувачот на четрири награди "Оскар" филмот на браќа Коен "Нема земја за старци" изгледа совршено добро на растечките грижи дека Европа има изгубено генерација. Ова е особено точно во случаите на оние периферни економии кои беа удрени полошо од Големата рецесија од 2008 година и последователната должничка криза. Сепак проблемот не е нов. Тој постои неколку децении и беше предмет на голем број политички интервенции. Растот на невработеноста кај младите не се случи насекаде во Европа и младите во некои земји се справија многу подобро од другите. Оттука идентификувањето на тоа кои политики биле поефикасни, како и на пречките за нивно спроведување во некои земји, е клучен елемент во анализата за подобрување на сегашните настани и спречување на идни рецесии, кои нема да ги удрат младите така силно. Во неодамнешен книга на VoxEU неколку економисти, истражувачи на пазарот на трудот, ја сметаат важноста на политичките лекции од нивните земји, за да: 1) да го подобрат преминот меѓу училиштето и работата; 2) да го помогнат создавање на повеќе работни места за младите луѓе; 3) да ја зголемат благосостојбата на младите како целина. Покрај тоа, тие го сметаат и скорешниот предлог за нов "Маршалов" план на Европската комисија - т.н. Гаранција за млади (Youth Guarantee), за наоѓање на координирано решение на младинската невработеност. За почеток е добро да се потсетиме зошто младинската невработеност во целина е повисока од онаа на возрасните. Од страна на побарувачката може да се тврди дека: - Компаниите со проблеми почесто ги отпуштаат прво младите, особено кога надоместоците за разрешување зависат силно од стажот и затоа што младите луѓе се со помалку специфични вештини; - Младите луѓе често се наоѓаат во стапицата на искуството. Кај него работодавците имаат потреба од искусни вработени, така што младите се ставени на крајот на опашката со чекање и не можат да го зголемат сопственото искуство. Од страна на понудата, аргументите се: - Многу поголем промет меѓу младите, бидејќи нивната оригинална работа може да не се совпаѓа добро со нивните преференции и вештини. - Финансиската заштита која младите ја добиваат од своите семејства. Таа може да ги стимулира да не работат. Просечната младинска невработеност (меѓу 15 и 24 години) во Европската унија (ЕУ) е околу 23%. Таа е речиси два пати повисока вредност од онаа кај возрасните (25 - 54 години), која е 10,8%. Кога ќе ги погледнеме податоците за одделни земји, прво ја гледаме групата од централноевропски земји и некои нордиски земји во кои младинската невработеност е под 20%. Следат Франција, Шведска и Велика Британија и некои источноевропски земји, со вредности помеѓу 20% и 30%. И конечно доаѓа групата на најлоши која ја вклучува Ирска, некои балкански земји, како и земјите од "маслиновиот појас" на Европа, кои беа најсилно погодени од кризата. Најтешко тука се одликуваат Шпанија и Грција, при што младинската невработеност е над 50%. Првиот графикон ги покажува соодносите меѓу невработеноста кај младите и возрасните по вертикалната оска и вкупната невработеност по хоризонталната оска според податоци од 2013 година. Донекаде е изненадувачки, но овие податоци не се совпаѓаат во целост со горната класификација и нема јасна врска помеѓу овие две променливи. Пример соодносот е над 3,5 во Италија, Шведска и Британија, помеѓу 2 и 2,5 во Грција и Шпанија, а во третата група практично нема разлика. Таа се состои од земји како Австрија, Германија, Швајцарија и Холандија, кои покажуваат најниски вредности. Затоа поуката, која може да се извлече е дека во некои земји на пазарот на трудот кај младите едноставно се одразуваат генерални проблеми, а во други има специфичен проблем со младинската невработеност. grafata Сепак може да се тврди дека податоците за невработеноста кај младите не се најдобрите индикатори за судбината на младите на пазарот на трудот. Голем дел од нив се уште се во образовниот систем. На пример, при просечна вредност на економска активност во ЕУ од над 40% (наспроти 61% во САД и околу 55% во централноевропските држави и Велика Британија), младинска невработеност од 23% значи дека "едвај" 10% од младите се невработени. Затоа точната статистика е т.н. сооднос NEET (Not in Education, Employment or Training). Ова е кратенка за населението меѓу 15 и 24 година, што не учи, не работи и не во некаков вид обука. Оваа дефиниција ги вклучува невработените кои го напуштаат училиштето и оние со завршен универзитет, кои се уште не пронашле работа. Вториот графикон го покажува просечното ниво на NEET за земјите од ЕУ во 2008 година и 2013 година. Како што може да се види, иако овие податоци се движат меѓу пониските вредности од 5% и 25%, поделбата по земји се совпаѓа со онаа на младинската невработеност. Нешто повеќе, кога ќе се вклучат и луѓето на возраст меѓу 25 и 29 година, вредностите се со помеѓу 2% (Италија) и 9% (Шпанија) повисоки. Во некои земји (Ирска, Италија, Португалија и Шпанија) повеќе од 25% од младите луѓе со високо образование се сметаат за NEET. Мачнината дека може да има изгубено генерација ја натера ЕК да ја започне програмата Гаранција за млади во 2013 година. Ова беше одлука на земјите членки да гарантираат дека младите под 25 година (без разлика дали се регистрирани во Агенцијата за вработување) ќе добијат или понуда за работа, продолжување на образованието, школување или студирање во рок од 4 месеци, откако ќе станат невработени или го напуштиле образовниот систем. grafata1 Потпирајќи се на успесите во некои скандинавски земји, програмата има за цел да ги комбинира раната интервенција со политика за активирање. Тоа ги вклучува јавните власти и сите социјални партнери, особено во земји на удар од кризата. Целта нејзина се овие 7,5 милиони млади NEET, речиси една третина од кои се долготрајно невработени. За нив е потрошена помош и се пропуштени приходи и даноци во вкупна вредност од околу 162 милијарди евра, или околу 1,3% од бруто домашниот производ на Европа. За споредба, пресметаната цена на програмата Гаранција за млади е околу 21 милијарди евра годишно. К.К.