Младите фатија „џаде“ а Владата се фали оти невработеноста во Истокот паднала
Објавено во: Економија 01 Август, 2016 09:31
Фалби, фалби, и само фалби од Владата во однос на невработеноста во истокот.
Бројните инвестици и нови фабрики отворени во Пробиштип, Кочанско и истокот ја стопиле невработеноста до 50%, тврдат од Владата.
Новата леарница се очекува да отвори дополнителни 300 вработувања.
Колку и носат ќар на Македонија странските инвестиции?
Странските директни инвестиции годинава варираат. Неколку компании се повлекоа од македонскиот бизнис рај , додека други доаѓаат.
Висината на инвестициите во зоните како удел во вкупните странски директни инвестиции на годишно ниво учествуваат со 20% до 30%, освен во 2009 кога достигаат дури 51%, кога е првичната инвестиција на Џонсон Мети како значајна инвестиција по обем.
-Вредноста на извозот на компаниите во зоните во вкупниот извоз од 2007 до 2009 година, според оваа анализа, учествуваат до еден процент, додека потоа континуирано расте за да во 2014 година достигне 27%. Од 2010 година, учеството на извозот на компанијата Џонсон Мети е значително и најголемо и од вкупниот извоз од сите останати компании во зоните, со удел изнесува помеѓу 78% и 87% проценти (во 2011 и 2014)
-Уделот на компаниите од зоните во целокупната бруто додадена вредност на национално ниво достига до неполн еден процентен поен во 2013. Бруто додадената вредност како компонента на БДП која го мери придонесот на секоја производител, е видлив по 2011 година откако првите инвеститори почнуваат да генерираат добивка и истиот се зголемува со текот на времето. Најголем удел кој придонесува со најголем дел во бруто додадената вредност во 2013 година е Џонсон Мети како најзначаен по големина на приход и добивка во дадената година.
-Нето економските бенефити за државата, од компаниите кои оперираат во периодот од 2007 до 2014 година се позитивни за три компании и тоа Вистеон и Џонсон Мети како прво формирани компании со нето бенефити од 60,5 и 111,7 милиони евра соодветно, и Ван Хоол со 4,3 милиони евра. Останатите компании имаат се уште негативни нето економски бенефити за државата кои се очекуваат да бидат позитивни во последователен период, покажува неодамнешното истражување “Квантифицирање на ефектите од странските директни инвестции“, изработено од Центарот за економски анализи, како дел од проектот “Дијалози за визија“.
Платите се држат во тајност
Никој не го открива износот на платите во индустриските зони.
Според дел од истражувањата платите на вработените во десеттина странски компании во земјава изнеуваат околу 260 евра. Недоамна и од Советот на странски инвеститори потврди дека платите во зоните се за стотина евра пониски од просечната плата во државата. Но посочуваат дека ако се направи споредба исклучиво со секторите кои се застапени во зоните, како автомобилската и компјутерската индустрија, отстапувањето од фирмите надвор од зоните е минимално.
Од Здружението на млади истражувачи (ЗМАИ) наведуваат дека просечната месечна нето-плата на вработените во компаниите во зоните во 2014 година изнесувала 19.981 денар, наспроти 22.696 денари во 2013 година, потенцирајќи дека во овие плати се вклучени и менаџерските плати. Според податоците од финансиските извештаи за работењето на компаниите, највисоки плати има во Џонсон Мети и во Вистеон Електроникс, компанија која најави затворање на погонот во Македонија до крајот на годинава. Просечната плата на вработените во овие две компании била нешто повеќе од 30.000 денари, но и тука се вклучени платите на менаџерите.
Никој не ги „рецка“ младите кои во се поголем број фаќаат „џаде“ од татковината
Се поголем е бројот на млади лица кои со факултет, кои без факултет решаваат да си ја побараат среќата во некоја од скандинавските земји или во Германија.
Тие решаваат да заминат пред се поради егзистенцијални причини. Велат не се задоволни од ниско платениот труд и ниските плати.
Две сестри од Делчевско неодамна заминаа за Германија.
„Со 200 евра плата ние овде не можеме да опстанеме. Со магистерски дипломи седиме дома, или мора да работиме на места несоодветни за нашите професии. Никој не го цени нашиот труд а посебно не работодавците. Во Германија животот е скап, но работиш и знаеш дека за сработеното ќе бидеш платен солидно и заслужено“. Работа ќе најдеш само ако си член на владеачката партија инаку тешко“, велат нашите соговорнички.
Многумина од младите не еднаш и порачаа на Владата да се фокусира повеќе на нив. Младите се моторот на државата, на пензионерите го завршиле своето. Власта треба да се насочи и да поработи на оваа целна група ако сака да ги задржи, и изливот на мозоци да престане.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




