28 Септември, 2024
0.0285

Младите ја напуштаат Македонија и Балканот, невработеноста клучен проблем!

Објавено во: Анализа 27 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Светска банка регистрирала близу 5 милиони емигранти од земјите од ЈИЕ во европските земји. За граѓаните од земјите во Југоисточна Европа - Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина далечна перспектива останува достигнувањето на животниот стандард што го имаат граѓаните кои живеат во земјите од ЕУ, се потенцира во најновиот економски извештај на Светска Банка. Односно, економиите на овие земји треба да расат со 6% годишно за повеќе од 20 години да го достигнат европскиот стандард. Или при пореална стапка на раст од 4,5% - која сепак е повисока од онаа што сега ја остваруваат земјите од ЈИЕ, приближувањето до ЕУ во целост останува далечна перспектива, пишува во извештајот на Светска Банка. Една четвртина или 25,44% од сегашното население на земјите од ЈИЕ6 - Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина во моментов живее надвор од своите земји на потекло. „Во 1990 година делот на емигранти  од земјите од ЈИЕ6  беше половина од тоа што е денес. Во изминатите две децении, овие земји се соочија со остро зголемување на емиграцијата, и, во моментов, приближно 4,9 милиони луѓе кои потекнуваат од земјите од ЈИЕ6 се сметаат дека се отселиле во друга земја, стои во извештајот на Светска Банка. Банкарите потенцираат дека владите од овие земји ќе треба да се насочат кон создавање на стимулации за враќање на луѓе со потребни вештини. Инаку податоците од извештајот покажуваат дека има пад на дознаките до ЈИЕ6, што пак предизвика намалување на домашната побарувачка. Дознаките до регионот се намалени за 0,5% како удел во БДП, а тоа е резултат на економските услови со кои се соочуваат мигрантите во земјите домаќини. Најголемиот пад и натаму е регистриран во Албанија, каде големината на намалувањето е резултат на тоа што многу мигранти се вратија од Грција. Невработеноста кај младите останува клучен проблем Еден од најгорливите проблеми на земјите од ЈИЕ6 останува високата стапка на невработеност кај младите. Па така анализата на податоците покажува дека од осумте европски земји со стапки на невработеност на младите кои се поголеми од 40%, пет се од Југоисточна Европа. На врвот на листата на земји каде има највисо процент на невработени млади е БиХ, каде стапката изнесува 62,8%, потоа Грција и Косово каде стигнува околу 55%, следна е Македонија со нешто помалку од 55%, потоа се Шпанија и Србија каде стапката е нешто над 50%, додека во Хрватска и Црна Гора стапката на невработеност кај малдите е нешто над 40%. Предизвиците остануваат и во однос на вкупната невработеност. „Па така, според анкетите на работната сила, Македонија, Црна Гора а во помала мерка и БиХ имаат зголемување на вработеноста. Но, оваа зголемена вработеност е рефлексија на краткорочните економски резултати и не е доволна за да се намали високата стапка на невработеност во ЈИЕ6, потенцираат во извештајот на СБ. Долготрајната невработеност, дефинирана како невработеност која трае подолго од 12 месеци продолжи да расте од почетокот на светската финансиска криза.Тоа им отежна на работниците што ги изгубиле своите работни места да најдат нови. Продуктивноста на вработените паѓа, платите растат Свестката Банка сугерира дека намалувањето на продуктивноста и зголемувањето на реалните плати во некои земји од ЈИЕ6 ги надува трошоците за трудот и неповолно влијаеше на конкурентноста. „Од 2008 година се зголемуваа реалните трошоци за трудот во БиХ и македонија. Само во Албанија растот на реалните плати беше амортизиран со раст на продуктивноста, додека во Црна Гора и Македонија реалните плати се зголемуваа и покрај намалувањето на продуктивноста. Србија пак е единствената земја која забележа постојано намалување на трошоците на трудот со што се поддржа нејзината конкурентност. Делумно како резултат на тоа, извозот од земјите на ЈИЕ6 останува далкеу под потенцијалот“, наведуваат од Светска Банка. Трговијата меѓу земјите од ЈИЕ и ЕУ е далеку под потенцијалот. Извозот треба да се зголеми   И покрај придобивките од ЦЕФТА, трговијата меѓу земјите на ЈИЕ и ЕУ е далеку под потенцијалот што го има. Односно, увзоот од ЕУ се проценува дека е под потецнијалот за 18 до 33 % зависно од земјата. Далеку под потенцијалот е и извозот. „Албанскиот извоз во ЕУ се проценува дека е 40% под потенцијалот, Макеедонија и БиХ се за 335 под потенцијалот, додека Црна Гора , Србија и Косово извезуваат за околу 27% помалку во ЕУ од нивниот проценет потецнијал“, стои во економскиот извштај на Светска Банка. Зголемувањето на трговијата со ЕУ би можела да помогне да се поттикне вработеноста и растот како и да им помогне на земјите да се сптават со макроекономска рамнотежа, сугерираат банкарите од Светска Банка. За зголемување на извозот од Светска банка сугерираат дека се потребни поедноставени процедури, правила и прописи, бидејќи анкетата на Дуинг Бизнис, утврдила дека во сите земји од ЈИЕ6, вклучувајќи ја и Македонија е потребно значително време за извзоз.Односно во Македонија и Србија се потребни 12 дена за извоз, а во Албанија најмногу односно 19 дена. Потоа потребно е исполнување на безбедносни стандарди во земјоделието, но и подобра транспортна поврзаност, при што се сугерира обезбедување на пловност на реката Сава за за средни пловила. Странски директи инвестиции - во Македонија зголемени двојно, но од ниска основа Приливот на странски директни инвестиции во Македонија- главно во производството во 2013 година се зголеми повеќе од двојно, но од ниска основа , потенцираат во економскиот извшетај на Светска Банка. Капиталните расходи се намалуваат, растат парите за плати Светска банка упати критика и за состојбата со капиталните расходи, односно нивно намалување а во истовреме проселдено со раст на социјалните трансфери во земјите од ЈИЕ. Односно, на крајот на 2013 година  капиталните расходи беа под 4% од БДП во Македонија, Црна Гора и Србија. „И покрај забележителните инфраструктурни потреби, сите земји од ЈИЕ(освен Косово, во периодот од 2008 година до 2013 година ги намалија капиталните расходи како удел во БДП, а ги зголемија  масата на плати и социјални трансфери. Дури и во Косово зголемувањето на капиталните расходи во голем дел беше неефикасно, концентрирано во еден голем проект за изградба на пат чија економска стапка на поврат би можела да не биде висока, забележуваат од Светска Банка. Буџетскиот дефицит во Македонија мора да се задржи на проектираното ниво од 3,5% Светската банка анализира дека според проектираните буџетти на земјите од ЈИЕ6, планирано е да се намалт дефицитите во Македонија, БиХ и Косово., како резултат на подобрување на прихдоите и затегнување на трошењето. „Сепак, постигнувањето на овие цели може да претставува рпедизвик. Во Македонија властите потрошија во првиот квартал 61% од буиџетскиот дефицит за 2014 година, а сличниот тренд во 2013 година доведе до зголемување на  дефицитот, пишува во извештајот на Светска Банка. Сепак, од канцеларијата во Скопје потенцират дека владата има уште време за да успее да го оддржи дефицитот на планираното ниво. Отаму потецнираат дека јавниот долг во Македонија е на ниво од 38,5% од БДП на крајот на минатата година и дека е на приспособливо ниво за менаџирање. Сепак, во извештајот се потецнира дека земјите од ЈИЕ се соочуваат со клучни фискални предизвици кои произлегуваат од структуралната ригидност на јавните расходи. „Само Албанија и Македонија успејаа да ги ограничат платите во јавниот сектор се намалување на расходите  од 6,1 на 5,1% од БДП помеѓу 2008 и 2012 година во Албанија,  и од 8,1 на 7,5% од БДП помеѓу 2009 и 2012 година во Македонија. Сепак, во Македонија во октомври 2014 година е предвидено зголемување на платите во јавниот сектор, по замрзнувањето во 2009 година, стои во забелешката на Светска Банка. Светска банка и во овој извештај им забележува на земјите од ЈИЕ дека расходите за пензии и социјални надоместоци остануваат високи и често не се насочени онаму каде што најмногу требаат. „Во март 2013 година, пензиите во Македонија беа зголемени за 5% и за уште 5% во март 2014 година, а во својата изборна програма владата објави дека ќе прдолжи секоја година да ги зголемува пензиите и социјалните прдонеси“, потенцираат од Светска Банка. СБ – македонската економија ќе расте со 3% Светска банка има попесимистичка прогноза за растот на македонската економија од прогнозата на ММФ. Односно, за разлика од монетарците кои прогнозираат раст од 3,5%, Светска банка прогнозира раст од 3% за македонската економија. Економијата на Косово ќе расте со 3,5%, Црна Гора со 3,2%, потоа Албанија со 2,1%, БиХ со 25, а најмал раст на економија од 1,95 се прогнозира за Србија. „Економиите на Македонија, косово и Црна Гора имаат одреден импулс во градежништвото, услугите и туризмот, меѓутоа нивниот удел од регионалната економија на ЈИЕ6 е мал за да прдонесе за менување на општата слика, стои во извештајот на СБ.   Н.С.