29 Септември, 2024
0.0249

Младите мразат кеш!

Објавено во: Анализа 30 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Полнолетните Американци на возраст под 30 години ја мразат готовината толку многу, што 51 проценти од нив користат картички дури за купувања под 5 долари. Тоа го покажува истражувањето на CreditCards.com спроведено во јули меѓу 983 иматели на кредитни картички. Колку сте повозрасен, толку поверојатно е да извадите банкноти наместо дебитна или кредитна картичка. 77% од Американците над 50 години преферираат кеш за купување до 5 долари. Републиканците и демократите се подеднакво склони да користат готовина за ситни набавки. Приврзаниците на двете традиционални партии се повеќе склони кон парите во кеш, отколку политички независните, што веројатно се објаснува со фактот дека аполитични обично се помлади. Кога станува збор за избор на картичка Американци до 30 години преферираат дебитна пред кредитната во сооднос 3 наспрема 1. Меѓу сите картички овој сооднос е 2 наспрема 1, утврдува истражувањето. Дебитни картички потсечаат многу на пари во готово, бидејќи средствата доаѓаат директно од проверка на сметка. Кредитната картичка од своја страна е добар избор, ако ја отплаќаат обврска во рамките на месечниот грејс бескаматен период. Кон крајот на јуни Американците имаат биланс по кредитните картички во износ од половина трилион долари, покажа неодамнешниот извештај на филијалата на Банката на федерални резерви во Њујорк. Според Мат Шулц, виш кредитен аналитичар за CreditCards.com, избегнувањето на парите во кеш не е добра вест за трговците, бидејќи тие мора да плаќаат такси, кога корисниците користат картички. Иако давачките при обработка на плаќања со дебитни картички имаат законски лимит, тие сепак се значајни. Од истражувањето станува јасно дека општеството се пренасочува од готовина кон картички, а следната голема транзиција ќе биде од картички кон мобилни исплати, вели тој. "Изгледа дека потомците што уште не се возрасни ќе се чувствуваат уште поудобно со картичките и евентуално со мобилни порамнувања", смета Шулц. K.K.