29 Септември, 2024
0.0277

МЛАДИТЕ СЕ ИСЕЛУВААТ, НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ ОСТАНУВААТ САМИ: Геронто домаќинки се грижат за старите лица

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Бидејќи многу млади се иселија во странство, голем е бројот на стари лица кои остануваат сами. Оние кои не можат самoстојно да ги обавуваат основните животни потреби, добиваат помош од геронто домаќинки. Во државата се спроведуваат повеќе проекти со кои се подобрува квалитетот на живот на старите лица.

„Во сите домови за јавни приватни установи за згрижување на стари лица, покрај останатите стручни кадри,  една геронто домаќинка е задолжена на 15 корисници во смена, за обезбедување на нега и грижа за стари лица. Политиките за грижа за стари лица, покрај резиденцијалните установи, Министерството за труд и социјална политика ги обезбедува и преку социјалните услуги во домот како што е услугата помош и нега во домот. Услугата помош и нега во домот, до 2022 година Министерството за труд и социјална политика ја обезбедува за 583 корисници во 16 општини, а услугата ја даваат 254 негувателки. Дополнително во тековната година, преку Проектот за развој на социјалните услуги како и преку Оперативниот план на Агенцијата за вработување, предвидено е да се спроведат обуки за нови даватели односно негувателки кои ќе ја обезбедуваат услугата помош и нега во домот на старите лица во Република Северна Македонија“, велат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Пензионерите сметаат дека во иднина ќе расте потребата за ангажирање на повеќе геронто домаќинки. Велат дека познаваат доста луѓе кои се стари и сами.

„Потребно е, иако не знам каде е најголемо иселувањето и каде ќе бидат најпотребни. Да им се купи храна, лекови, но и да има некој да поразговара со нив“, рече Рада Денковиќ, пензионерка.

Дури и оние кои сега се во добра здравствена состојба, стравуваат дека во иднина можеби ќе бидат во ситуација да имаат потреба од нечија помош.

„Државата треба да помага на сиромашните и на старите и сами лица. Еве јас моментално сум сам, а живеам само од социјална помош“, рече Александар Стоиљковски, граѓанин.

И во соседна Србија со години се ангажирани геронто домаќинки кои ги опслужуваат старите лица. Во повеќето градови се бараат уште жени кои би ги посетувале и би им помагале на луѓето кои се во седмата, осмата или деветата деценија од животот. По неколку часа остануваат кај еден корисник, при што му готват храна, плаќаат сметки доколку е потребно, им помагаат на старите лица за одржување на нивната лична хигиена или хигиената во домот. И во Црна Гора имаше локални функционери кои ветуваа одржливост на сервисот геронто домаќинка. Во оваа држава исто така има потреба од повеќе геронто домаќинки.

ПРОЕКТИ ЗА ПОМОШ НА СТАРИТЕ ЛИЦА ИМА ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ

Различни проекти за помош на стари лица имало и уште има во општините во Македонија. Проектите кои се прават се поддржани од МТСП, Светска банка, општините, УНДП и други странски донатори. Вклучен е и Црвениот Крст. Млади лица ги посетуваат старите и изнемоштени луѓе во општините, им мерат шеќер, притисок, им купуваат лекови или ги носат на лекар доколку е потребно.

Проектот општинско- корисна работа поддршка на стари и изнемоштени лица е финансиски поддржан од УНДП, Владата на Р.С.Македонија и општина Конче. Тој почна на 1 септември 2019 година и непрекинато трае до денес, ни потврдија од општината. Оттаму велат дека бројката на корисници варира, а жителите на селата се задоволни од имплементацијата.

Во Општина Кавадарци се реализираат два проекти поврзани со нега и грижа за старите лица, од кои едниот е за општинско - корисна работа.  Мапирани се луѓето на кои им треба помош, а таа бројка достигнува и до 150.

Oд Општина Берово исто така потврдуваат дека реализираат два проекти за помош на старите лица. Едниот е проект со УНДП за општинско-корисна работа и друг со Домот за стари лица во Берово, при што 20 негуватели посетуваат 70 стари луѓе во градот и во околината. Веќе три години нудат нега и грижа за старите жители.

ПОПИСОТ ПОКАЖА ДЕКА НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ

Населени места со најмногу младо население на возраст  до 14 години се: Скопје - Чаир, Скопје - Аеродром и во градовите Куманово и Тетово, а со старо население на возраст од 85 и повеќе години се населените места: Скопје - Карпош, Скопје - Центар и градовите Битола, Прилеп, Велес, Охрид итн. Податоците од пописот покажуваат дека во државата има скоро 5.000 луѓе на возраст од 85 години, над 8.600 со навршени 80 години, повеќе од 11.500 со 75 години возраст, а попишани се и 51 лице на возраст над 100 години.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“