05 Декември, 2025
0.0394

ММФ бара од Албанија да ги зголеми даноците

Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2013 13:41

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен фонд побарал од албанската Влада да ги зголеми даноците, со цел да ги задоволи барањата на буџетот и да го запре растот на јавниот долг.

Според тиранската телевизија Топ чанел, во штотуку објавениот извештај, експертите на ММФ и препорачуваат на Владата во Тирана да почне повеќегодишна остра буџетска политика, со цел да го стави под контрола долгот, политика која главно треба да се ориентира кон приходите со зголемување на директните даноци, како што се персонален данок, данокот на добивка кај бизнисите.

ММФ оценува дека зголемувањето на даноците кои се потребни, не е закана за способноста на Албанија да ги зголеми странските инвестиции, доколку Владата ги намали административните давачки, кои влијаат врз цената на бизнисот.

Освен зголемувањето на даноците, ММФ до албанските власти и со препорака за низа други итни мерки во буџетот. Како прво, ставање крај на дефицитот на пензиите, кој според ММФ се влошил по намалувањето на придонесите во 2006  и 2009 година.

Втората мерка е да не се намалат јавните инвестиции. Последните години владините инвестиции  биле најпогодени од намалувањето на буџетот. Тоа треба да се запре, зошто инвестициите не само што не треба да се скусуваат туку треба да растат.

Последната мерка предложена во фискалната политика е искористување на парите од приватизациите за намалување на долгот и подмирување на заостанати фактури.

Според ММФ еконмскиот раст во Албанија ќе биде низок се до 2017 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии