06 Декември, 2025
0.0338

ММФ бара од Србија нови мерки за штедење

Објавено во: Балкан 02 Јуни, 2013 11:00

Добивај вести на Viber

Властите во Србија треба брзо и без одложување да се подготват и да почнат со спроведувањето на новиот план за фискална консолидација годинава и на среден рок. Ова го рече постојаниот претставник на ММФ во Србија, Богдан Лисоволик, кој додава дека освен најавените мерки за штедење потребно е да се намали буџетскиот дефицит за дополнителен еден процент од бруто домашниот производ. Лисоволик во интервју за Блиц вели дека контролата на платите во јавниот сектор и пензиите мора да биде основа на тоа јавните финансии да се стават на одржлива основа. „Дали тоа ќе биде замрзнување или некој друг вид на прилагодување во оваа област зависи од големината на вкупната разлика во финансирањето на јазот, но и од другите мерки што Владата е подготвена да ги преземе", рече тој, истакнувајќи дека е сосема  јасно дека е потребно контрола и намалување на персоналот во јавниот сектор. Тој верува дека зголемувањето на ефективната возраст на пензионирање е клучен приоритет во Србија, истакнувајќи дека изедначувањето на критериумите за мажите и жените е како што вели, најдобра практика во Европа. Тој додава дека ваков модел се спроведува во 24 од 27 земји членки на ЕУ. Како голем проблем ја гледа и невработеноста кај младите која треба да се решава со посебни мерки, а не да се ослободува место за нив само преку испраќање на вработените во пензија. "Што се однесува до евентуалните преговори за нов договор со ММФ, сигурно е дека јасен сигнал за посветеноста за одржлива економска политика на Србија ќе и биде од клучно значење за напредок", рече Лисоволик.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии