19 Декември, 2025
0.0376

ММФ: Економијата стабилна, растот остварлив

Објавено во: Економија 16 Април, 2013 13:34

Добивај вести на Viber

Македонија е земја со стабилна економија и стабилни макроекономски перформанси во услови на тешки окружение. Предвидениот раст од два отсто е остварлив иако има ризици.

Ова е оценката на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која во изминатите две недели престојуваше во Македонија, а денеска на заедничка прес-конференција ја соопштија шефот на мисијата Ивана Влаткова Холар и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Економијата во Македонија, како и растот се мошне добро позиционирани, рече Холар на прес-конференцијата на која го поздрави расчистувањето на заостанатите долгови на јавниот сектор кое почна во септември 2012 и заврши во февруари годинава.

Според неа, за натамошно зачувување на стабилната макроекономска средина среднорочните политики треба да бидат насочени кон поддршка на забрзување на растот.

Според вицепремиерот Ставрески, оценката на ММФ е охрабрувачка.

- Вкупната оценка е дека нашата позиција во однос на долгот и буџетскиот дефицит е адекватно во времето во кое работиме и дека Македонија има добри изгледи штом се стабилизираат условите во Европа да оствари заздравување на економскиот раст и да се врати на патеката на повисоки стапки на раст, рече Ставрески.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд