14 Мај, 2024
0.0315

ММФ: Еврозоната и Шпанија се ризични економии

Објавено во: Свет 14 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен фонд ги додаде еврозоната и Шпанија на листата на земји чија економска нерамнотежа е ризик за светскиот раст , се вели во извештајот објавен вчера и пренесен од Ројтерс . Од ММФ укажуваат дека Шпанија постигнала напредок во надминувањето на еден од највисоките јавни дефицити во еврозоната со големи намалувања на трошоците и со зголемување на даноците , но јавниот долг продолжува да се зголемува , додека растот останува анемичен . Еврозоната, за преземање на ударите од тешката криза на националните долгови , е задолжена со висок јавен долг по спасувањето на неколку од помалите земји- членки , вклучувајќи ги Грција и Ирска , се истакнува во документот. Регионот реализира надворешен вишок , бидејќи земјите во него со високи дефицити се обидоа да ги реформираат нивните економии , но тој само ги прикрива големите разлики во рамките на монетарната унија , се додава во него . Редовните анализи на ММФ за светските економски дисбаланси и девизните курсеви се појавија како резултат на финансиската криза и рецесијата од 2007-2009 година , кога светските политички сили и дадоа на оваа финансиска институција поголема улога во одржувањето на редот во светската економија . Во претходниот извештај од 2011 година ММФ ги посочи Кина, Франција , Германија Индија , Јапонија , Велика Британија и САД како земји со значителни дисбаланси . За да помогне за справување со проблемот  ММФ ги повика економиите со надворешен трговски суфицит како Кина и Германија да ја поттикнат домашната побарувачка , додека земјите со дефицит , како Велика Британија и некои од земјите со најголеми финансиски проблеми во еврозоната би требало да ја подобрат конкурентноста на меѓународните пазари. ММФ предупредуваат и дека развиените економии не напрадиве доволно напори за надминување на огромните буџетски дефицити , кои можат да доведат до ранливост во иднина.

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама