ММФ ги прекина преговорите со Атина, биле безнадежни
Објавено во: Балкан, Економија 12 Јуни, 2015 18:34
Делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд се повлече од преговорите со Грција во Брисел во четвртокот вечерта поради клучните разлики со Атина.
ММФ соопшти дека преговарачите се откажале, откако разговорите достигнале до ќор-сокак, и тие ќе се вратат во Вашингтон. Целата грчка делегација исто така се враќа назад во Атина.
„Топката е во полето на Грција“, изјавил портпаролот на ММФ Гери Рајс. „Има големи разлики меѓу нас и во основните клучни области. Нема никаков напредок во компромис на овие разлики“, коментирал тој, посочувајќи ги реформите на пазарот на трудот и пензиите, даноците и финансиите.
Договор за Грција без ММФ е незамисливо, предупредил претседателот на Еврогрупата Јерун Деиселблум. Тој коментира дека Атина нема друг избор освен да донесе тешки одлуки и да се согласи со барањата на меѓународните кредитори, ако сака да обезбеди средства.
Грција смета дека повлекувањето на претставниците на ММФ од разговорите се смета како притисок над Атина, така и над европските кредитори, изјавил претставник на кабинетот. Грчкиот дипломат Алекос Флаборарис изјавил дека земјата се надева на договор на 18 јуни.
Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Грција и нејзините кредитори да ги продолжат обидите за постигнување на согласност, пренесоа агенциите. „Ако постои желба, постои и начин, но волјата мора да дојде од сите страни“ изјавил таа.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




