14 Мај, 2024
0.0263

ММФ: Имаат ли жените овластувања да придонесат за глобалниот економски раст и просперитет?

Објавено во: Свет 26 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Во многу земји дебатата за родовата еднаквост се нагласува претежно врз тоа каков е уделот на жените , окупаторските раководни позиции и можностите на кариера . Но невидливата бариера , која се покажува какопречката жените да се искачуваат нагоре по корпоративните скалила без разлика каков искуство и каква професионална квалификација поседуваат , е само мал дел од проблемот. Поголемо прашање е дали жените имаат исти можности какви што имаат и мажите на пазарот на трудот . Со други зборови - имаат ли жените овластувања да придонесат за глобалниот економски раст и просперитет ? Во својата анализа , објавена на Project Syhndicate , првата жена директор на Меѓународниот монетарен фонд ( ММФ) Кристин Лагард предупредува на нееднаквоста во платите кај жените и мажите и пречките за жените на пазарот на трудот . За жал истражувањето " Women , Work , and the Economy " на ММФ , спроведена меѓу вработените на институцијата , покажува дека и покрај бавниот напредок за рамноправноста на жените , тој е во застој. Ова се лоши вести за сите нас , бидејќи како резултат имаме помал економски раст . Во некои земји , бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител се намалува за 27%. Насекаде во светот , уделот на жените во составот на работната сила заостанува далеку од оној на мажите. Само околу 50% од жените од работоспособното население имаат работа. Жените имаат најголем удел меѓу ниско платени работници . Тие добиваат плата, но во неформалниот сектор тие спаѓаат во графата " сиромашни " . Продолжува трендот на жените да се плаќаат помалку за истиот пост , на кој се назначени мажи , дури и во земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) , каде разликата во платите е околу 16 % . Во многу земји деформацијата и дискриминацијата на пазарот на трудот се причините жените да не добиваат еднаква плата и можности на кариера . Потенцијалните придобивки од зголемувањето на уделот на жените во составот на работната сила можат да бидат импресивни. Во Египет, на пример, ако бројот на жените расте со темпото со кое расте уделот на мажите, БДП на земјата може да се прошири со 34%. БДП на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) може да се зголеми за 12%, оној на Јапонија - со 9%, а на САД - со 5%. Според податоците на Меѓународната организација на трудот од 865 милиони жени, кои придонесуваат за раст на економиите во своите земји, 812 милиони од нив живеат во развиените и во земјите во развој. Зголемувањето на учеството на жените во составот на работната сила ја  подобрува состојбата на економијата во неколку различни начини . На пример, ако жените добиваат повисоки приходи , тоа ќе ги зголеми трошоците на домаќинството за образование на девојчињата - клучен предуслов за брз раст на долг рок . Вработеноста на жените рамноправно со мажите им обезбедува на компаниите повеќе потенцијал од знаење , постојано растечка креативност , иновативност и перформанси . Кој стои во основата на континуираната нееднаквост? Правната, регулаторната и социјалната дискриминација против жените во многу земји сеуште претставуваат пречки пред нив за изнаоѓање на добро платена работа во формалниот сектор. Како резултат жените доминираат во неформалната економија, каде што работата често е краткорочна, а платите се ниски. Како дополнување - даночните системи и социјалните програми во многу земји се конструирани на начини кои ги обесхрабруваат жените во побарувачката на работа. На сето ова владините политики во однос на даноците и трошоците, исто како и регулациите на пазарот на трудот, треба да бидат реформирани со цел зголемување на вработеноста кај жените. Пример, оданочувањето на индивидуалниот приход наместо семејниот, маргинална даночна стапка која е повисока за вториот работен член на домаќинството, ќе ги охрабри жените да бараат работа. Поврзување на социјалните бенефиции со учеството во пазарот на трудот, со обуката или со активните програми на пазарот на трудот исто така можат да помогнат (колку да се достапни) за подобар одгледување на децата и ќе создадат повеќе можности за татковство и породилно отсуство. На пример, во Бразил за последните 20 години уделот на жените во составот на работната сила се покачи значително - од 45% до околу 60% - и тоа благодарение на политиките за поддршка на семејството. Ова се само неколку предлози . Има уште што да се направи. Жените извлекуваат корист кога постојат флексибилни услови за работа. Индикативен пример за ова е Холандија . Поседување на еднакви права на сопственост и наследни права можат да го зголемат пристапот на жените до кредити. Некои од овие чекори веќе беа направени во последните години, но време е да се даде сериозен поттик на процесот. Притисок врз политичарите да преземат акција и да интегрираат политики со кои ќе ги отстранат пречките во учеството на жените во работната сила. "Ние, од ММФ, ќе дадеме свој придонес преку проширување на опсегот на нашата анализа за економските ефекти од родовата нееднаквост и ќе работиме со земјите-членки на Фондот, за да создадеме можност на жените да придонесуваат целосно за глобалниот економски раст и просперитет" , објаснува  Лагард. "Особено сега, кога во голем дел од светот изгледите пред растот се мрачни, затоа политиките за поттикнување на вработувањето кај жените сигурно може да помогнат. Жените се подготвени, имаат желба за работа и се способни да работат", додава директорот на ММФ Кристин Лагард. K.K

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама