ММФ: Ќе учествуваме во третата програма за Грција само кога ќе се прифатат реформите
Објавено во: Балкан 14 Август, 2015 11:52
За Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) простување на дел од долгот на Грција од страна на ЕУ е апсолутен предуслов за нивното учество во третата спасувачка програма за силно задолжената држава од еврозоната.
ММФ ќе разговара околу можноста за "доделување на дополнителни средства" веднаш откако владата во Атина ќе ги прифати потребните мерки за реформи и откако се преземат "мерки за отпишување на долгот", изјави шефот на мисијата на ММФ во Атина Делија Велкулеско во четвртокот, цитирана од AFP.
"Ние очекуваме да се подготви детална програма (за реформи) со (грчките) органи и да донесеме одлука со европските партнери за отпишување на долгот на Грција", изјави претставникот на ММФ.
Фондот заедно со Европската комисија, Европската централна банка (ЕЦБ) и спасувачкиот фонд на еврозоната (ESM) учествува во преговорите за трети пакет помош за Грција, но сега дава јасно до знаење дека ќе учествува во финансирањето, само ако грчкиот долг биде направен "одржлив".
Особено Германија се противи на понатамошно отпишување на долгот на Грција. Во исто време федералната влада, како и други партнери од еврозоната, гледаат на учеството на ММФ во пакетот помош како на основен услов. Пред неколку дена финансискиот секретар на Германија Јенс Спан го повика ММФ да даде јасен ангажман за својата улога во евентуалната нова програма за помош.
Во меѓувреме дебатата по разни процедурални прашања разгорена во ноќта наспроти петок во парламентот на Грција, го забавила гласањето за договорот со доверителите.
Претседателот на грчкиот парламент Зои Констандопулу, еден од лидерите на протестно настроените во владејачката партија Сириза, го игнорирал целосно повикот на премиерот Алексис Ципрас за истражување и прифаќање на текстот на законот за финансиската помош уште во четвртокот пред планираната средба на Еврогрупата за петок.
Грчките пратеници не можат да пристапат кон разгледување на ова прашање во суштина поради неколку процедурални прашања покренати од претседателот на парламентот. Тоа значи дека гласањето за договорот се одложува за најмалку неколку часа.
Гласањето во Атина може да ја чини власта на Алексис Ципрас, ако бројот на пратениците кои го поддржуваат, падне под 120.
Покрај грчкиот законодавен орган парламентите и на другите земји од еврозоната треба да гласаат за спасувачката програма, од која на Грција итно и се потребни за да го отплати долг кон Европската централна банка на 20 август кој изнесува 3,2 милијарди евра .
Финска е подготвена да даде поддршка. Ова стана јасно од зборовите на финскиот министер за финансии Александер Стуб. Тој соопшти дека Големата комисија на финскиот парламент и дала на владата мандат да ја поддржи програмата. Претходно оваа недела Стуб посочи дека Финска е подготвена за две варијанти на развој на ситуацијата околу Грција - постигнување договор во август, при што нема да има потреба од средно финансирање, и потреба од мостово финансирање.
Генералното мислење меѓу земјите членки на еврозоната е дека треба да се склучи финален договор, а не да биде обезбедуван втор мостов кредит.
А според Bloomberg парламентот на Германија може да гласа за обезбедување на третиот пакет финансиска помош за Грција во вторникот. Гласањето по договорот меѓу Атина и меѓународните кредитори ќе се состои, ако соодветните спогодби бидат одобрени од Еврогрупата на состанокот во петокот.
Во случај договорот да не биде одобрен, ќе останат плановите за обезбедување на нов мостов заем на Грција во износ од околу 6 милијарди евра. Според зборовите на претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт таков кредит може да биде разгледан во буџетската комисија во Бундестагот.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




