19 Декември, 2025
0.0393

ММФ кон Грција: Без закани и „пласирање на информации“

Објавено во: Економија 04 Април, 2016 10:03

Добивај вести на Viber

Директорката на ММФ Кристин Легард отфрли било какви шпекулации за тоа дека претставници на ММФ размислуваат да ја користат задолженоста на Грција како тактика за преговори.

Во писмото упатено на премиерот на таа земја Алексис Ципрас, Легард наведува дека е подготвена да испрати тим на оваа институција во Грција , доколку Ципрас гарантира лична безбдност, но и приватност на разговорите.

Ципрас, пред два дена и упати писмо на шефицата на ММФ , барајќи објаснување откако порталот Викиликс објави документи за тековните преговори помеѓу Атина и доверителите, во кои Фондот споменува можна закана од банкрот за Грција, како би ја поттикнале да прифати некои услови.

Легард, одговорајќи му на прашањето ан Ципрас каков е ставот на ММФ за тековните преговори, наведува дека нејзиното видување е тоа дека и понатаму се е прилично далеку од тоа дека постои кохерентен програм кој би можела да го претстави пред Извршниот одбор на таа меѓународна институција.

„Многу пати истакнав дека ние единствено можеме да ја поддржиме програмата која е кредибилна и заснова на реални претпоставки, и кои ќе го осигураат поставувањето на Грција на патот на силен раст, а истовремено постепено ќе воспостават одржливост на долгот“, наведува Легард, истакнувајќи дека во спротивно, не би дошло до воспоставување на доверба.

Тоа имплицира, додал таа, помеѓу останатото дека Грција наскоро повторно би била принудена да усвои нови мерки.

Шефицата на ММФ наведува дека се согласува со Ципрас дека успешните преговори се изградени на обострана доверба.

Инцидентот кој се случи овој викенд предизвика загриженост во врска со тоа дали може навистина да се постигне напредок во околности на екстремна чуствителност на изјавите на двете страни, наведува Легард, но и истакува дека сепак е одлучна на тмот на ММФ да му дозволи да се врати во Атина и да продолжат преговорите.

Конечно, порачала таа, ММФ спроведува преговори во добра верба, не преку закани, и не комуницара преку „пласирање на информации“.

„Како би ја унапредиле транспарентноста на нашиот дијалог, одлучив да го објавам ова писмо на порталот на ММФ и се радувам на било каков личен разговор за тоа како да ја унапредиме дискусијата“, му порача на Ципрас, шефицата на ММФ.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар