ММФ предупреди на три нови ризици за светската економија
Објавено во: Економија 10 Јули, 2013 11:46
„Во последниот извештај на ММФ стои дека прогнозата за светскиот економски раст за оваа година изнесува до 3,1 процент, откако во април беа прогнозирани 3.3 отсто на раст. Од финансиската институција, исто така изразија очекувања за раст на економијата во следната година до 3,8 отсто , во споредба со 4,0 проценти пред тоа. Заедно со огромниот ризик од слабо економско закрепнување во Европа, има три нови проблеми кои би можеле да ја стават под закана светската економија“, изјави Оливие Бланшар од ММФ во интервју за „CNBC“.
Првиот проблем е Кина. Земјата мора да изврши многу деликатен ребаланс меѓу инвестициите и потрошувачката, а ризикот е дека инвестициите можат да се намалат пред потрошувачката навистина да се опорави, смета Бланшар. Тоа би довело до понизок економски раст во Кина, па дури и под проценката која ја даваат од Фондот. ММФ ја намали прогнозата за економскиот раст на државата до 7,8 проценти во 2013 година и 7,7 отсто во 2014 година.
Втората клучна закана се радикалните мерки преземени од Јапонија за стимулирање на економијата, или т.н. „Абеномика", вели Бланшар. „Абеномиката е многу амбициозна програма, но и многу ризична. Според нас барем две од нејзините единици сеуште не се целосно расчистени", додава тој. Бланшар исто така наведува дека фискалниот стимул на фискална консолидација е „вознемирувачки".
Трет ризик би било намалувањето на програмата за откуп на средства од страна на Федералните резерви на САД. „Третиот ризик е ризикот од појава на крајот на квантитативното олеснување во САД", вели тој.
„Ова може да доведе до поголема нестабилност. Сметаме дека нестабилноста ќе се намали, но човек не може да биде сигурен за тоа." изјави Оливие Бланшар.
ММФ, исто така, предупредуваат за опасностите кои произлегуваат од нестабилноста и забавувањето на економскиот раст на пазарите во развој.
„Економиите на пазарите беа погодени сериозно, откако се зголемија каматните стапки во развиените економии, а нестабилноста во цените на активата и слабата локална активност доведоа до одлив на капитал, пад на цените на акциите, растечка камата на долгот и девалвација на валути, се вели во извештајот на ММФ.
„Веројатно ќе бидеме сведоци на тренд за одлив на капитал од пазарите", смета Бланшар, што според него се должи на тоа дека САД веќе е попривлечна за инвеститорите. Економскиот раст во развиените земји веќе се очекува да биде со поумерени стапки, велат од ММФ.
ММФ ја ревидираше и прогнозата за еврозоната, па наместо 0,4 за оваа година се предвидува намалување на растот од 0,6 насто.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




