Добивај вести на Viber
Европската комисија мета не е фер критиката на Меѓународниот монетарен фонд за програмата за спасувачка финансиска помош за Грција, која ЕК ја одобри пролетта на 2010 година, изјави портпаролот на извршниот орган на Европската унија Симон О`Конор, пренесе РИА Новости.
Вчера американскиот весник „Wall Street Journal“ објави дека ММФ се подготвува за објавување извештај во кој ги признава грешките направени за последните 3 години при наметнувањето на услови на Грција во замена за спасувачка поддршка.
„Воопшто не сме согласни со ставот дека не е направено доволно во одредувањето на структурните реформи кои треба да бидат извршени, за да биде поддржан растот", рече О`Конор.
ЕК не прифаќа дека грчкиот долг би можел да биде реконструиран уште во 2010 година, кога стапи во сила акцијата на програмата за финансиска помош, а не дури во 2012 година . Според портпаролот евентуално спроведување на преструктуирањето во 2010 година би содржела во себе преголем ризик од систематско контаминирање на целата еврозона.
„Тоа ќе ја поткопаше реализацијата на програмата во значителна мера. Тоа беше едногласно решение на земјите од еврозоната и партнерите од "тројката", кога се создаваше програмата ", се потсетува тој, мислејќи на меѓународните кредитори на Грција - ЕУ, ММФ и Европската централна банка.
Според британските весници „Guardian“ и „Independent“ во извештајот ММФ признава дека не ја оценилите целосно штетата до кои можат да доведат барањата за премногу строги буџетски заштеди и дека гледале премногу оптимистично на изгледите на Грција за враќање на долгот.
Од финансиската институција сепак не планираат да ја преземат целата вина . ММФ го критикуваат владите на земјите од еврозоната, кои го одложувале реструктуирањето на грчкиот долг, но и ја обвинуваат ЕК дека не располагала со доволно искуство во управувањето со кризи, па наместо тоа се фокусирала врз почитувањето на законодавството во ЕУ, посочуваат од „Wall Street Journal“.
Практично од самиот почеток на акција на програмата за спасувачка финансиска помош Грција не успеваше да ги исполни целите за обновување на економијата, поставени од меѓународните кредитори, вклучувајќи ги макроекономските индикатори.
„Објавувањето на ваков самокритичен извештај од страна на ММФ е неочекувано, обично врховните монетарни власти се придржуваат кон мислењето дека нивната стратегија е единствената вистинска и правилна, и фактичката признавање на сопствените грешки дефинитивно е новина", истакна аналитичарот во Инвесткафе, Ана Бодурова.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.