05 Декември, 2025
0.3888

ММФ: Централните банки да ја ублажат монетарната политика

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2012 12:17

Добивај вести на Viber

Централните банки во  Европа, Сад и јапонија  треба да ја ублажат монетарната политика, бидејќи таквите усогласени активности ќе овозможат стабилизирање на светските финансиски пазари и економијата во целина,стои во соопштението објавено денеска на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Токио.

Постигнат е договор меѓу земјите членки на ММФ за преземање усогласени дејствија за справување со негативните трендови во светската економија. Тие изразија надеж дека заедничките активности против ширењето на должничката криза во еврозоната, ќе бидат успешно исполнети.

- Растот на светската економија е забавен и продолжува опасноста од постоење на опаѓачки трендови. Треба одлучно да се дејстува со цел да се стави крај на негативните пресврти и да се врати светската економија на патот на силен, одржлив и балансиран раст, се наведува во соопштението.

Според соопштението  потребно е активирање на пакетот реформи со кои се прошируваат правата на голем број земји во ММФ. Реформите треба да ја зајакнат улогата на земјите во развој и земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), кои остваруваат најбрз економски раст во светот.

На дводневната седница на раководните органи на ММФ и Светската банка во Токио учествуваат претставници од 188 земји и територии.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања