23 Ноември, 2024
0.0339

Многу изненадувања и непредвидени пари: Хороскоп за јануари

Објавено во: Општо 13 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Почетокот на годината носи различни предизвици за сите хороскопски знаци. Јануари ќе биде интересен и возбудлив месец за многу од нас. 

Овен

Оптимистички сте настроени, а тоа ви оди во прилог. Бидете толерантни и мирољубиви. Поминете повеќе време во домот. Концентрирани сте на работата, сакате да решите прашања кои долго ве мачат. Но, финансиите ќе ви зададат проблеми, па за некои ваши размислувања ќе треба да премолчите.

Бик

Не трошете ја непотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и да се одморите. Бидете трпеливи со секоја работа. Настојувате да бидете во центарот на сите случувања. Единствена грижа ви е да бидете во центарот на вниманието.

Близнаци

Исклучителен месец, полн со пријатни изненадувања. Во постојано движење сте и го работите она што го сакате. Партнерот ви покажа колку му значите, не само со зборови. Не сте материјалист, но обожавате да трошите. Никој не е идеален, па ни вие. Заборавете на проблемите, ве очекува поволен период и непредвидени пари на работен план. 

Рак

Професионалниот успех ве очекува, само морате да бидете поупорни. Свртени сте кон семејството. Ако сакате на подобар начин да ги решите проблемите, слушајте ги советите од блиските, но одлуките носете ги сами. Внимавајте на здравјето и внесувајте повеќе течности. 

Лав 

Потрудете се да одложите секаква активност. Не сте способни за напорна работа. Внимавајте на органите за говор и слух, можни се компликации. Имате многу идеи кои чекаат да бидат реализирани. Размислувате за промени на емотивно поле. Внимавајте можеби ќе ви се случи забранета љубов. 

Девица 

Посветувате големо внимание на работата. Денеска ќе се бара од вас перфекција, а дури и најмала грешка би можела да ве доведе и вас и другите до лудило, а на тој начин би пропаднала целата работа. Затоа изострете ги сетилата. 


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.