Многу изненадувања и непредвидени пари: Хороскоп за јануари
Објавено во: Општо 13 Декември, 2018 12:36
Вага
За полесно да ги поднесете обврските, настојувајте да ги поделите со домашните. Би можеле да задоцните на некој договор или да се оптоварувате со озборувања и неважни ситници. Некои планови ќе се сменат во последен момент, но не по ваша заслуга. Извршете ги последните подготовки.
Скорпија
Време е да се позанимавате со состојбата на вашата сметка. Можеби ситуацијата ќе биде обесхрабрувачка, но не ја губете надежта. Помошта или решението ќе дојдат сосема неочекувано. Разговорите со љубовна тематика, сосема ќе ве збунат. Не си поигрувајте со туѓото трпение.
Стрелец
Доста со хобијата и трошењето на слободното време, саканата личност има нешто против тоа. Размислете како би реагирале вие да сте во истата ситуација, па така и однесувајте се. Ќе добиете извинување од некој пријател или колега кое веќе одамна требаше да пристигне, бидете паметни и прифатете го.
Јарец
Не дозволувајте самодовербата што ја чувствувате да остане неискористена. Насочете се директно кон вашите соништа и желби. Нема што да изгубите, а можете да добиете многу. Ако покажете дека знаете колку вредите, другите ќе ве ценат повеќе. Преземете храбар чекор на љубовен план.
Водолија
Во јануари во вас ќе врие вишок енергија. Земете лак и стрела и тргнете во лов на забава. Ве очекува возбудлив ден, но само ако сте решени да го направите таков. Не дозволувајте туѓите планови да ви се испречат на патот кон остварување на вашите желби.
Риби
Ако имате некои неостварени деловни цели, почнете веднаш со нивна реализација, само внимавајте да не преземете премногу обврски. Она на што може сериозно да сметате е несебичната поддршка од пријателите. И соработниците и колегите се тука за вас, искористете ја нивната несебична помош и побрзо ќе успеете да ги остварите зацртаните цели.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





