01 Март, 2024
0.0235

МНОГУ НИ НЕДОСТИГАШ БАТЕ, КАКО ВРЕМЕТО ДА ЗАСТАНАЛО, НИШТО НЕ Е ИСТО КАКО ПОРАНО - сеќавањата на Тоше никогаш нема да избледат

Објавено во: Стил 21 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Времето поминува, а сеќавањата за Тоше Проески никако да избледат. По повод вчерашниот празник Свети Јован, Штерули Штерјоски од Крушево се сеќава на една заедничка прекрасна ноќ помината со Тоше и со останатите прјатели.

Вели дека ништо нма да биде исто како порано. 

„Беше 2007 година 20 јануари на Свети Јован. Вечерта бевме на забава во Планет. После завршување на забавата отидовме на именден кај Јован Шапе за таму да продолжиме до сабајле со уште појака забава и многу смеење. Таму имаше клавир и Тоше свиреше а ние глумевме дека свириме на музички инструменти. Еве јас на пример свирев виолина, а Тоше се газеше од смеење ..Џанго свиреше на усна хармоника, Петар Шапе на гитара ..а Андреј го имаше цел промет од Планет и лепеше пари на музиката.

Овие моменти се паметат цел живот и никогаш не се забораваат.

Ништо не е како порано, како времето да застанало. Многу ни недостигаш бате и дури сме ние живи твоето име нема да биде заборавено“, напиша Штерјоски на својот фејсбук профил.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ПРИНЦЕЗАТА ОД ВЕЛС ПРОПАДНА ВО ЗЕМЈА - цел свет ја бара Кејт

ДАЛИ ПРИНЦЕЗАТА ОД ВЕЛС ПРОПАДНА ВО ЗЕМЈА - цел свет ја бара Кејт