09 Октомври, 2024
0.0256

МНОГУ ПАЦИЕНТИ НЕМА ДА ГО ПРЕЖИВЕАТ ЧЕКАЊЕТО: СЗО алармира дека во болницата „Ал Акса“ се случува масакр

Објавено во: Свет 26 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Луѓе и деца умираат чекајќи помош во болницата Ал Акса во Газа. 

Светската здравствена организација (СЗО) ја посети болницата „Ал Акса“, каде голем број повредени луѓе беа пренесени ноќеска по нападите во центарот на Газа, вклучително и во близина на бегалскиот камп „Магази“.

Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „Икс“ напиша дека тимот на СЗО слушнал застрашувачки извештаи.

„Едно дете го загуби целото семејство во напад на кампот. Медицинска сестра во болницата ја претрпе истата загуба. Здравствениот персонал очајнички се обидувала спаси 9-годишно момче, кое се здобило со тешки повреди на главата откако било погодено од шрапнели и остатоци од експлозија додека минувало на патот. Лекарите ни рекоа дека неговите повреди се толку сериозни што нема да преживее. Болницата прима многу повеќе пациенти отколку што може да издржи нејзиниот капацитет и персонал. Многумина нема да го преживеат чекањето. Моментално работат пет операциони сали во болницата, но тоа не е доволно“, напиша тој.

Според него, СЗО е крајно загрижена поради неподносливиот притисок нанесен на неколкуте болници низ Газа кои остануваат отворени. Во Газа загинаа над 20.000 Палестинци. 

„Влошувањето на палестинско-израелскиот конфликт требаше да го натера Нетанјаху да поднесе оставка“, изјави лидерот на израелската опозиција и поранешен премиер Јаир Лапид, истакнувајќи дека не му верува на актуелниот премиер.

Oд 7 октомври наваму, Израел е во војна со палестинската терористичка група Хамас која нападна во јужен Израел, уби над 1.200 цивили, но и странци. Во Газа, терористите однесоа заложници, Израелци и странски државјани. 

foto EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан